Здравствениот систем во потконтинентот е во целосен распад, а дел од заболените животот го губат пред болниците, чекајќи кислородна поддршка. Сведоштвата на тие кои загубиле некој близок веќе неколку недели го потресуваат светот.
Премногу луѓе починаа денеска, нашето дете се опорави до 75%, ќе преживееше да имаше цилиндер со кислород./ Дојдов да ја донесам мајка ми, бидејќи под итно и требаше респираторна поддршка, таа веќе беше на кислород во ковид-центарот, до докторите ја исклучија велејќи дека итно мора на респиратор, а еве веќе тука чекаме половина час, а има долга редица пред нас.
Докторите кои што се грижат за пациентите велат дека ситуацијата е трагична бидејќи мораат да ги враќаат заболените кои молат за прием, а тие потоа се враќаат во амбулантското возило и одат од болница до болница, додека не најдат слободен кревет за хоспитализација. Голем дел од нив во обид да стигнат до потребната помош животот го губат во возилата за итна помош
-Има многу пациенти кои што молат за хоспитализирање, а ние не сме моќни да им обезбедиме кревет, бидејќи бројот на пациенти е далеку поголем од бројот на кревети во моментов, Д-р Дирен Шах – Кардиолог.
-Не сум сигурна дека нашиот систем работеше доволно брзо за да ја реагира на кризата во пораст. Ние не можеме да одговориме сега, ниту во наредните недели на коронакризата,Инајат Синг Какар – Движење за здравјето на народот - Волонтер.
Индија денеска пријави нов рекорден број од преку 380.000 новозаразени, со што бројката на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на над 20 милиони лица. Бројот на оние пак кои ја загубија битката со вирусот изминатото деноноќие во оваа земја е над 3.700 и е рекорден во земјата. Дека ситуацијата е драматична докажува и тоа што во дури 46% од заболените на глобално ниво минатата недела припаѓаат на Индија.