Корејците ја казнија Тесла поради погрешни податоци за досегот

Tesla претерала со досегот на своите автомобили.

Јужна Кореја е една од земјите каде што потрошувачите се добро заштитени. Локалното регулаторно тело KFTC (Корејска комисија за фер трговија) ​​објави на своите официјални канали дека Tesla ги преувеличува можностите на своите автомобили. KFTC истакнува дека Tesla не била вистинита за „досегот на автомобили со едно полнење, споредбите на заштедите при возење наспроти автомобилите на бензин и перформансите што ги нудат Superchargers“.

Во своето соопштение за печатот, KFTC нагласи дека опсегот на автомобили на Tesla на ладно време може да се намали до 50,5 проценти, а Tesla не го споменале тоа во своите маркетинг напори. Интересно е што Tesla дава совети поврзани со зимското возење на својата официјална веб-страница, но не го спомнува влијанието на опсегот.

Во исто време, нагласува дека губењето на досегот не е карактеристично само за автомобилите на Тесла, па дури ни само за електричните автомобили. Тие нагласуваат дека се зголемува и потрошувачката на автомобилите кои користат фосилни горива, а со тоа им се намалува досегот.

„Автомобилите на бензин губат досег исто како и електричните, трошат повеќе гориво во зима отколку во лето“, вели Ив Расет, консултант од Квебек.

Tesla не даде официјална изјава, но забележливо е дека, откако биле казнети со 2,2 милиони долари, на официјалната веб-страница е додадено предупредување дека опсегот може да варира во зависност од различни фактори, вклучително и временските услови. Истото предупредување го има и Kia, но не и Hyundai.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

притисни ентер