Конкурс на Шведската амбасада за позиција „Амбасадорка на еден ден 2024“

Амбасадата на Шведска во Скопје четврта година по ред отвора конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“. 

Краен рок за пријавување е 28 октомври, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: [email protected] со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver за „Амбасадорка на еден ден 2024“.

- Од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе даде краток извештај за работата што ја завршил. Работа ќе започне во 8:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот, се вели во соопштението од Амбасадата на Шведска во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи: кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови), објаснувајќи зошто се заинтересирани за оваа позиција, кратка биографија каде се посочува што прават, кои се нивните интереси и кои активности ги презеле за да го промовираат или подобрат животот на заедницата во која живеат.

-Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина итн., две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро Ве познава и може да Ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде вашиот учител или наставник или секој што ве познава добро и Ве видел во акција. Писмена согласност од вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години), стои во повикот.

Информациите за резултатите од конкурсот ќе им бидат доделени на сите апликанти до крајот на ноември 2024 година, на е-поштата наведена во апликацијата. Успешната кандидатка ќе ги извршува своите должности како „Амбасадорка за еден ден“ на почетокот на второто училишно полугодие, кон крајот на февруари или почетокот на март 2025 година и во врска со 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 Октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата.

Зидан отворен за преговори со Манчестер Јунајтед

„Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот почеток на сезоната во Премиер лигата.

Легендарниот француски поранешен фудбалер и тренер на шпански Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе инсистира на конкретен трансфер во Манчестер Јунајтед доколку се постигне договор со англискиот клуб, со кој моментално е отворен за преговори, тврди football365.com.

Зинедин Зидан би сакал францускиот дефанзивец на Барселона, Жил Кунде, да биде првото ново засилување во Јунајтед доколку го преземе тимот. Според него, Кунде би имал фундаментална улога во зајакнувањето на одбраната на англискиот тим.

„Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот почеток на сезоната во Премиер лигата, откако тимот на менаџерот Ерик тен Хаг собра само седум бода од можни 21 и примија пет гола во воведните седум кола.

Меѓу имињата кои се поврзуваат за потенцијални замени на холандскиот стручњак, покрај Зидан се и Масимилијано Алегри, Герет Саутгејт, Томас Тухел, Еди Хау и Томас Франк./МИА

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше

Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. 

Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Пред тргнувањето, маратонците положија цвеќиња на спомен обележјето на Тоше во Нова Градишка.

Како што објаснува Наум Капричеваски кој е дел од ултрамаратонот од неговото востановување во чест на Тоше, маратонците цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп, за на 16 октомври, в среда напладне, да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше. /МИА

Министерот Салиу на конференција во Чанакале

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

На покана на претседателот на Федерацијата на европски и балкански ромски здруженија, Хилми Кескин, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу присуствувал на конференција во Чанакале, Турција, каде се зборувало за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации, соопштија од неговиот кабинет.

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

- Воедно, посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти, се истакнува во писмената изјава на министерот.

притисни ентер