Која е Тереза Меј, идната британска премиерка која „гази “ постапките на Маргарет Тачер

Со денешната одлука на Камерон од функцијата да се повлече в среда, Тереза Меј ќе стане премиерка која ќе ја предводи Британија во преговорите за излегување од Европската Унија. Таа ќе биде првата жена премиер на Велика Британија после Маргарет Тачер!

Тереза Меј е прагматична политичарка која излезе неповредена од хаосот предизвикан од референдумската одлука за Брегзит. И таа важи за „железна лејди“ сега претставувајќи се како лидеро кој ќе ја поведе земјата надвор од ЕУ, иако официјално и самата беше за останување на Британија во Унијата.

Кон сите кои се надеваат на преиначување на референдумската одлука на некој начин, Тереза Меј сега инсистира дека “Брегзит значи Брегзит“ но потенцира дека нема да го покрене процесот на излегување од Унијата пред крајот на годината и додека преговарачката стратегија не биде јасна - пренесува Франс прес.

На Тереза Меј и претстои напорна борба да ја обедини земјата и Конзервативната партија поделена со референдумот. Еден од позначајните конзервативци, Кенет Кларк, своевремено ја нарече Меј „многу тешка жена“ - но таа вели дека токму тоа и оди во прилог во борбите кои претстојат.

- Следната личност која тоа ќе го открие е Жан Клод Јункер - им рекла наводно Меј на членовите на парламентот, во врска со претстојните разговори со претседателот на Европската Комисија, за Брегзит.

Тереза меј е родена 1956 година како тереза Брасиер во Исбурн, приморски град на југот на Англија во семејство на англикански свештеник, што е една од неколкуте работи по кои ја споредуваат со акнцеларката Меркел.

Се школувала во не многу познати државни и приватни училишта, но универзитетското образование го стекнала на Оксфорд.

Таму се запознала со сопругот Филип, банкар, а наводно ги запознала покојната пакистанска премиерка Беназир Буто.

Се венчале 1980 година но немале деца.

Тереза Меј работела во финансискиот сектор се до 1997 година кога е избрана за пратеник. Се залагала за промена на лошиот имиџ на Конзервативната партија, а по победата на изборите во 2010 година именувана е за министерка за внатрешни работи, што важи за најтешка работа во владата.

Меј останала на функцијата 6 години, надолго од кој било друг министер за внатрешни работи од 1892 година - пренесува АП.

Таа е почитувана но не е дел од ниту една „фракција“ и сама вели дека не пие во баровите во парламентот ниту ги оговара другите за време на ручек.

Според агенциите кои се повикуваат на свои извори, Тереза Меј е многу вредна, доаѓа на работа три часа пред кој било друг и „знае пет пати повеќе од кој било присутен“. Таа не е склона на ризици и нема време за хоби.

Носи чевли со леопардска шара, сака да готви и да оди на одмор со сопругот.

Агенцијата Танјуг потсетува на изјавата на Тереза Меј која ја пренесе Би Би Си, а која гласи: „Албанија, Србија и Турција имаат сиромашно население и сериозни проблеми со организираниот криминал, со корупција а понекогаш и со тероризам. Затоа треба да се прашаме дали ЕУ треба да продолжи да се шири и да им дава на сите нови членки права кои ги подразбира членството“.

Мицкоски: Општина Аеродром и ова раководство одлучи да стави стоп на бетонизацијата

Општина Аеродром и ова раководство одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, во парковите, во забавните катчиња за најмладите.

На покана на градоначалникот и на покана на претседателот на совет и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум денеска овде да направиме увид во градежните активности на овој проект кој што започна пред неколку месеци, ако не се лажам Тимчо, и проект кој што значи заедничка соработка помеѓу општина Аеродром и канцеларијата на Европската Комисија овдека во Македонија. Секогаш каде што се гради, јас сум таму присутен и ги охрабрувам тие проекти.

Многу скоро од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу од проектите ќе бидат реализирани овдека во општина Аеродром кои што за жал изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани. Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.

Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања.

Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва

Седумдесет и двегодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва, информираше денеска СВР Куманово.

-Вчера во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Во јануари, годинава беа пријавени два случаи на измами со огревни дрва, првиот повозрасен кумановец за сума од 3.000 денари и вториот случај, кумановка за 5.000 денари.

Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум (7) измами за дрва, а во 2022 година 15 пријави за измами со огревни дрва. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.

-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат од СВР Куманово.

Циривири: ЗНАМ со реформите во здравството ќе овозможи граѓаните да добијат подобри третмани

Професор Циривири: ЗНАМ со реформите во здравството ќе овозможи граѓаните да добијат подобри третмани, во современи регионални центри, со реални цени на услугите.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес конференција на која професор доктор Јасмин Циривири ги претстави клучните прашања од областа на здравството во изборната програма „Проглас за достоинствена Македонија“ на Движењето, за претстојните парламентарни избори.

Професор Циривири рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија нуди конкретни мерки за идните реформи во областа на здравството, а тие во основа подразбираат максимално и професионално залагање од страна на секој чинител во здравствената сфера. Целта е, како што рече, тој пристоен и достоинствен живот на секој граѓанин во државата, со еднаков пристап до потребните услуги. Циривири додаде дека ЗНАМ сака да покаже дека може да се создадат услови граѓаните да бидат здрави, работоспособни и да придонесуваат за општата благосостојба. Тој посочи дека за да се направи тоа е потребно:

„Реконструкција на постојните и доизградба на започнатите медицински установи на територијата на Македонија, со акцент на формирање на три здравствени центри во Штип, Битола и Тетово, по примерот на ГОБ „8ми Септември“. Тоа е од стратешко значење, бидејќи ќе овозможи брз пристап и услуги на граѓаните, како и подигање на нивото на третманите со софистицирани дијагностички методи“.

Истовремено, како што рече тој, граѓаните нема да бидат изложени на дополнителни материјални трошоци и стресови при добивањето на здравствените услуги, кои им следуваат по сите морални и здравствени норми во едно современо општество. Циривири додаде дека при тоа ќе се направи итно пополнување на дефицитарниот специјалистички кадар во овие установи со упатување на млади лекари на специјализација, вклучувајќи ги и приватните специјализанти. Исто така ќе се направи и привремено дополнување на медицинскиот кадар по принципот на ротација во регионалните центри со кадар од болниците во главниот град, до моментот на оспособување на доктори од дефицитарните специјалности во истите.

„Очекуваме, рече доктор Циривири, - Со ова да се намалат листите на чекање за софистицирани дијагностички процедури и особено елективните оперативни третмани“.

Како втора мерка се предвидува формирање на реални цени на здравствените услуги од страна на Фондот за здравствено осигурување со цел исплата според извршените услуги кон здравствените установи, со што ќе се овозможи самоодржливост на истите.

„Структурата на реалните цени подразбира режиски трошоци, дневниците на персоналот неопходен за оптимално функционирање на основна единица – на ниво на одделение, потрошниот санитетски материјал, како и амортизацијата за одржување на непотрошниот санитетски материјал. Со овој систем се зголемува мотивираноста на установите да ја зголемат ефикасноста и постојано да го подобруваат квалитетот во пружањето на здравствена нега. Овој принцип на економско делување овозможува непосреден увид во финансиската состојба на установата и активно учествуво во планирањето и трошењето на потрошниот и непотрошниот медицински материјал и опрема, како и во одржувањето на болничките капацитети“, рече Циривири.

Формирањето на диспечерски податаочен центар во Министерството за здравство, е третата мерка што се предвидува.

„Со неа ќе се овоможи постојан увид во исполнетоста на капацитетите на сите здравствени установи во државата.Оваа централизација на логистичките податоци овозможува навремен транспорт и прием на итните пациенти, за да се надмине беспотребното лутање на болничките возила по здравствените установи без точна информација за слободно место за прием на итните пациенти. Овој центар, исто така, ќе има клучна улога особено при згрижувањето на пациентите при масовни незгоди, железнички,автобуски, какон и поплави, земјотреси итн“, нагласи доктор Циривири.

Една од мерките за подоборување на состојбите во здравството е и креирањето на реални, конкурентни плати во сите сектори и нивоа на здравството.

„Во ставките за плати, додатоци и надоместоци на плати во Буџетот, ќе се зголеми масата на средства за најмалку 15 проценти, и на тој начин ќе се обезбеди соодветно зголемување, како на докторските, така и на платите на медицинските сестри и помошниот персонал. Порастот на платите ќе се усогласува со порастот на минималната плата“, рече доктор Циривири.

Тој нагласи дека медицинскиот персонал ќе биде во процес на континуирана медицинска едукација во соработка со здравствени установи кои се движечки центри во развојот на современата медицина, а Министерството за здравство ќе го координира развојот, овозможувајќи доостручување, по предлог на непосредните носители на стручната дејност, во согласност со потребите на установите.

притисни ентер