Кои се фаворитите за медали во Пјонгчанг според обложувалниците?

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг веќе почнаа, а првиот медал веќе е доделен. Шарлоте Кала ја победи Марин Бјорген во битката за златото во скиатлон (7,5 километри класичен и 7,5 км слободен стил).

Кои се фаворитите според повеќето обложувалници во индивидуалните спортови? Еве ја и нивната прогноза, за секој оној кој сака да си ја проба среќата:
Алпско скијање (мажи)

Спуст: Аксел Лунд Свиндал (Норвешка)
Супер-Џи: Аксел Лунд Свиндал
Велеслалом: Марсел Хиршер (Австрија)
Слалом: Марсел Хиршер
Комбинација: Алексис Пентуро (Франција)

Алспско скијање (жени)

Спуст: Линдси Вон (САД)
Супер-Џи: Линдзи Вон
Слалом, велеслалом и комбинација: Микаела Шифрин (САД)

Алпско скијање (мешани тимови)
Швајцарија

Биатлон (Мажи)

Индивидуално и масовен старт: Мартин Фуркад (Франција)
Спринт: Јоханес Тингнес Бo (Норвешка)
Штафета: Норвешка
Биатлон (ЖЕНИ)

Индивидуално, спринт, масовен старт: Лаура Далмаиер (Германија)
Штафета: Германија
Биатлон (мешан состав)
Норвешка
Боб-санкање

Двојка мажи: Џастин Крипс (Канада
Четворка мажи: Јоханес Лохнер (Германија)
Двојка жени: Кајли Хемфрис (Канада)

Ски-трчање (мажи)
15 км слободно: Дарио Колонија (Швајцарија)
Спринт во класичен стил, 30 км скиатлон и 50 км класичен стил: Јоханес Хосфлот Клабо (Норвешка)
4х10 км штафета и тимски спринт во слободен стил: Норвешка
Ски-трчање (жени)
10 километри слободно: Шарлот Кала (Шведска)
15 км скиатлон и 30 километри класичен стил: Марит Бјорген (Норвешка)
Спринт во класичен стил: Стина Нилсон (Шведска)
4х5 км штафета и тимски спринт во слободен стил: Норвешка

Карлинг

Машки турнир, женски турнир и мешани парови: Канада

Уметничко лизгање

Мажи сингл: Јузуру Хану (Јапонија)
Жени сингл: Евгенија Медведева (Русија)
Двојки: Алена Савченко и Бруно Масот (Германија)
Танцови двојки: Габриела Пападакис и Гијом Сајрон (Франција)

Тимски натпревари: Норвешка

Скијање слободен стил (мажи)

Ски-акробатика: Антон Кушир (Белорусија)
„Халфпајп“: Дејвид Вајс (САД)
„Бабуни“: Микаел Кингсбери (Канада)
„Слоупстајл“: Ојстен Бротен (Норвешка)

Ски-крос: Марк Бишофнергер (Швајцарија)

Скијање слободен стил (жени)
Ски-акробатика: Ксу Ментао (Кина)
„Халфпајп“: Каси Шарп (Канада)
„Бабуни“: Џејлин Кауф (САД)
„Слоупстајл“: Јохане Шили (Норвешка)
Ски-крос: Сандра Неслунд (Шведска)

Хокеј на мраз
Мажи: олимписките спортисти од Русија
Жени: САД

Санки
Мажи сингл: Феликс Лох (Германија)
Жени сингл: Натали Гејзенбергер (Германија)
Парови: Тони Егерт и Саша Беннекен (Германија)

Штафета: Германија

Нордиска комбинација
Поединечно на долга скокалница / 10 км: Aкито Вабате (Јапонија)
Поединечно на мала скокалница / 10 км: Акито Вабате (Јапонија)
Тим голема скокалница / 4x5 км: Норвешка
Лизгање (шорт-трек) (мажи)
500 метри: Ву Даджин (Кина)
1.000 и 1.500 метри: Хванг Де-хонг (Јужна Кореја)
Штафета 5.000 метри: Јужна Кореја
Лизгање (шорт-трек) (жени)
500, 1.000 и 1.500 метри: Чои Мин-донг (Јужна Кореја)
Штафета 3.000 метри: Јужна Кореја

Скелетон
Мажи: Јун Сунг-бин (Јужна Кореја)
Жени: Жаклин Леилинг (Германија)

Ски Скокови

Мала и голема скокалница: Камил Стох (Полска)
Тимски голема скокалница: Норвешка
Жени: Марна Лундби (Норвешка)

Сноуборд (мажи)

Паралелен велеслалом: Невин Галмарини (Швајцарија)
„Халфпајп“: Шон Вајт (САД)
„Слоупстајл“: Маркус Кливленд (Норвешка)

Сноубордкрос: Пјер Волтер (Франција)
Сноуборд (жени)

Паралелен велеслалом: Естер Ледецка (Чешка)
„Халфпајп“: Кло Ким (САД)
„Слоупстајл“: Џулија Марино (САД)
Сноубордкрос: Ева Самкова (Чешка Република)

Брзо лизгање (мажи)

500 метри: Роналд Мулдер (Холандија)
1.000 и 1.500 метри: Шелдон Нуис (Холандија)
5.000 и 10.000 метри: Свен Крамер (Холандија)
Масовен старт: Ли Сунг-хун (Јужна Кореја)
Тимско натпреварување: Холандија

Брзо лизгање (жени)

500 и 1.000 метри: Нао Кодаира (Јапонија)
1.500 метри: Михо Такаги (Јапонија)
3.000 метри: Ирина Вуст (Холандија)
5.000 метри: Мартина Саболкова (Чешка)

Масовен старт: Ким Бо-реум (Јужна Кореја)

Тимско натпреварување: Јапонија. /MИА

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер