Потребни состојки : 2 парчиња свински бут, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 200-300 гр. шампињони,1 главица кромид, 1 филџан доматно пире, малку масло, нане и црн бибер по вкус.
Постапка:
Месото се сече на коцки и се пропржува во тенџере со малку масло.
Се додава една главица сечкан кромид и се продолжува со пржењето.
Се додаваат сечкани печени пиперки и се продолжува со пржењето.
Се додаваат сечкани шампињони и се продолжува со пржењето.
Потоа се додава доматно пире и се продолжува со пржењето на тивок оган уште неколку минути.
При крај се зачинува со малку нане и црн бибер по вкус.
Во мал земјен сад се става готварска хартија.
Потоа состојките се ставаат во хартијата и се врзува врзоп.
Се додава малку вода и се пече во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.