Со тоа, Кина стана првата земја која постави сонда на страната на Месечината која од Земјата никогаш не е видлива и ја нарекуваме „темна“, иако и таа е еднакво осветлена како и страната што ја гледаме од Земјата. Кинеската телевизија објави дека роботското летало „Чанг’е-4“, без екипаж, а кое беше лансирано во декември, слетало во 2:26 часот по ГМТ и ги испрати првите фотографии на кои се гледа површината на Месечината.
И претходно вселенските летала ја гледале „темната“ страна на Месечината, но никогаш не слетале.
Сондата слетала на претходно утврдено место, откако кон средината на декември влегла во орбитата на Месечината. Задача на сондата вклучува геолошки и биолошки истражувања. Сите досегашни мисии ја истражуваа страната на Месечината свртена кон Земјата.