Кејт Винслет се расплака поради критиките за изгледот: Беше страшно (ВИДЕО)

Актерката Кејт Винслет (49) се уште се сеќава како беше кога ја критикуваа за нејзиниот изглед.

Во интервју за емисијата 60 минути, актерката се присети на својата кариера, а во еден момент едвај ги задржа солзите.

Додека зборуваше за нејзината голема улога во Титаник, на Винслет ѝ беше прикажан клип од интервјуто за Е! Вести од доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 1998 година. На снимката се слуша како водителката коментира дека актерката изгледа „малку растопено“ во фустанот и дека „треба да носи фустан два броја поголем и тогаш би било добро“.

„Тоа е апсолутно одвратно. Каков човек треба да бидеш за да ѝ кажеш такво нешто на една млада актерка која само се обидува да си го најде патот?“ рече таа. На прашањето дали некогаш лично се соочила со печатот поради ваквите коментари, Винслет призна дека се соочила. „Им кажав што се случува. Реков: „Се надевам дека ова ве прогонува“, се сеќава таа.

„Тоа беше одличен момент“, додаде таа додека ги задржуваше солзите на 60 минути. „Одличен момент бидејќи не беше само за мене, туку и за сите луѓе кои беа изложени на тоа ниво на вознемирување. Беше страшно. Навистина страшно“, рече таа.

Винслет неодамна глумеше во филмот Ли, биографија на познатата фоторепортерка Ли Милер, која ги документирала настаните од Втората светска војна за Вог. За време на снимањето на филмот, во кој беше и продуцент, Винслет изјави дека во улогата донела еден вид „оклоп“. „Луѓето велат: „Ох, бевте толку храбри за оваа улога, не се шминкавте. Имавте брчки“. И дали ги прашуваме мажите: „Ох, вие бевте толку храбри за оваа улога, пуштивте брада?“, праша Винслет. „Тоа не е храброст, тоа е играње улоги“, продолжи таа.

Еден член на екипата дури ѝ предложил „да го вовлече стомакот и да стане исправна“. Но, Винслет одбила да ги сокрие своите облини, велејќи: „Мислам дека Ли не би го направила тоа. Тоа е дека за нејзиното прифаќање на сопственото тело тешко се бореше“.

Министерот Муцунски домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.

На средбата, двајцата министри истакнаа дека посетата претставува уште една потврда за пријателските и добри односи меѓу двете земји. Тие ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог во функција на унапредување на билатералната соработка во областите од заеднички интерес.

Во фокусот на нивниот разговор беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, како на државно ниво, така и меѓу бизнис заедниците. Воедно, стана збор и за важноста од ажурирање на сегашниот Договор за слободна трговија преку проширување на неговата содржина, вклучувајќи повеќе земјоделски производи, како и потребата од забрзување на техничките разговори за оваа цел.

Во рамки на посетата се одржа и Бизнис Форум, на кој министрите ја истакнаа подготвеноста за целосна поддршка на бизнис секторот и ги охрабрија да соработуваат поинтензивно во насока на унапредување на трговската и инвестициската соработка.

За време на посетата, турскиот министер Болат оствари и средба со претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. На средбата беа разгледани можностите за билатерална трговија и инвестиции со цел да се утврдат нови области за заедничка соработка, соопшти МНРНТ.

Минчев: Време е за развој на Македонија, а не за политички манипулации

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, даде јасен одговор на прашањата и обвинувањата од пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, даде јасен одговор на прашањата и обвинувањата од пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, повикувајќи на транспарентност, конструктивност и посветеност на реформи во јавната администрација.

Во своето излагање, министерот Минчев изрази загриженост за, како што го нарече, лицемерието на дел од политичките актери, посочувајќи на контрадикторните ставови на ДУИ во однос на стратегијата за реформи во јавната администрација.

„Вие, кои се декларирате како борци за правата на етничките заедници, на седница на Влада во јули 2023 година, каде министри од ДУИ активно учествуваат, усвоивте стратегија што го става начелото на стручност, компетентност и родова еднаквост како примарни критериуми за вработување и унапредување во јавниот сектор и истовремено констатирате злоупотреба на дигиталната алатка “Балансер”. - истакна Минчев.

Минчев појасни дека одлуката за укинување на алатката „Балансер“ е донесена од Уставниот суд, а Министерството за јавна администрација нема мандат да коментира или оспорува такви одлуки.

„ДУИ, наместо да дискутира за суштински теми и развојни политики, одлучи да ја драматизира ситуацијата со обвинувања за наводно одземање на етничките права. Правичната застапеност е уставна категорија и ќе остане таква. Новото законско решение што Владата ќе го предложи, ќе биде изработено од експерти и ќе опстои на долгорочна основа,“ - потенцираше Минчев.

Министерот Минчев додаде дека, според податоците, процентот на етнички вработувања бил поголем во периодот пред воведувањето на балансерот (2001–2015) отколку во периодот кога тој се применувал (2015–2024), нагласувајќи дека злоупотребите на алатката довеле до загриженост и критики, нотирани и во извештаите на Европската комисија.

„Време е да се фокусираме на суштински прашања за развојот на Македонија. Новото законско решение ќе биде квалитетно, долгорочно и поддржано од Венецијанската комисија. Само со таков пристап можеме да изградиме стабилна и правична јавна администрација,“ - заклучи тој.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Обвинителството бара мерки за претпазливост за директорот на фирма, поврзана „Државна лотарија“

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. 

Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот, соопшти Обвинителството.

притисни ентер