Кејт Брнз: САД е силен поддржувач на аспирациите на Македонија да биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ

Соединетите Држави се силен поддржувач на аспирациите на Македонија да биде просперитетна, безбедна и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО, во ЕУ и во другите трансатлантски институции. 

Многу важен дел од тоа е силното безбедносно партнерство меѓу нашите две држави, изјави амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз за МИА по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Амбасадорката додаде дека сега е време да се гледа напред, не назад – цврсто да се вгради нашата земја во евро-атлантските институции, да се зацврстат нејзините демократски институции, и да порасне економијата за подобар живот на сите граѓани, а особено за генерациите кои доаѓаат.

-Минатата недела во Лондон, бевме сведоци како Македонија првпат седи на масата покрај генералниот секретар на НАТО, опкружена со своите идни сојузници. На почетокот на 2020, очекуваме и официјално да ви посакаме добредојде како наш 30-ти сојузник во НАТО. Во последните неколку месеци, патувам низ земјата, зборувам со студенти и слушам директно од нив. Младите кои ги среќавам се фокусирани на градење на иднина која во предвид ги зема нивните грижи и очекувања за постоење на фер однос, можности и транспарентност, рече амбасадорката Брнз.

Таа додаде дека тоа што денес постои жива дискусија за корупцијата е возможно заради напредокот што е постигнат во промовирањето на транспарентноста и одговорноста – и гаранциите дека за разлика од минатото, злоупотребите не се ставаат под тепих.

Оваа транспарентност, истакна амбасадорката, претставува нето позитивна придобивка за земјата. Зголемената транспарентност значи дека луѓето знаат повеќе за внатрешните состојби на нивната влада и можат да бараат корегирање на активностите.

Состојбата со слободата на медиумите, како што додаде Брнз, е многу подобрена во однос на состојбата од пред само неколку години, односно денес медиумите можат слободно да известуваат и да ја повикуваат владата на одговорност, без страв од директна или индиректна одмазда.

-Државната комисија за спречување на корупцијата има преземано важни чекори за попроактивно да се бори против високата корупција низ целиот политички спектар. Владата има преземано чекори да го подобри јавното управување со финансиите и нивната транспарентност, на пример преку лансирање на новиот портал Отворени финансии, што секој може да го користи онлајн ако сака да ги следи трошењата на државата, појасни Брнз.

Но, и покрај подобрената клима, амбасадорката истакна дека корупцијата сеуште претставува проблем. Со толкав остварен прогрес и со толку високо платена цена за корупција, Северна Македонија, според Брнз, не смее да си дозволи враќање назад.

-Зошто корупцијата е толку скапа и штетна? Како прво, таа подгрева нестабилност со тоа што го поткопува доброто владеење и што дава простор на криминалните елементи да владеат. Ја уништува вербата во институциите. Нема ништо подеморализирачко и пообесхрабрувачко за било кој граѓанин од уверувањето дека системот е нечесен и дека луѓето кои се на позиција на моќ не подлежат на истите правила. Таа, исто така ги обесхрабрува бизнисите да инвестираат и ги одвраќа оние бизниси кои бараат правилата на играта да важат за сите подеднакво, истакна Брнз.

Таа додаде дека борбата против корупцијата е борба што бара решителност од сите елементи во општеството: од граѓанското општество, од медиумите, од приватниот сектор, од судството, од институциите на системот и секако, од јавноста.

-Според извештајот на ОН за 2018, на светско ниво корупцијата годишно чини неверојатни $3,6 трилиони. Еден трилион долари се даваат годишно за поткуп, а останатите $2,6 трилиони се украдени. Ова е еднакво на повеќе од 5 проценти од глобалниот БДП, а оди за давање поткуп или кражби преку корупција, рече Брнз.

Според амбасадорката, нов Закон за Јавното обвинителство е суштествен за да се покаже национална посветеност во борбата против корупцијата и градење на посилно обвинителство како институција. Случаите на корупција што беа покренати од Специјалното јавно обвинителство, таа истакна дека мораат да продолжат на еден кредибилен начин.

-Многу е важно Собранието да избере квалификувани и компетентни раководители на институции, на легален и транспарентен начин. Тука спаѓаат Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и членови на совети при Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, јавниот радиодифузен сервис, и Судскиот совет, додаде амбасадорката.

Таа појасни дека овие институции, што се суштествени за надзор врз властите и нивната одговорност, се премногу долго оставени без челници или тие имаат истечени мандати. Тие, според неа, мора да бидат оснажени за да можат да ја извршуваат својата работа – на пример да набљудуваат како политичките партии трошат државни пари, да осигураат дека медиумите и политичките партии точно ги прикажуваат трошоците за реклами во електронските и онлајн медиуми што се финансирани од државата, и да осигураат дека истите правила важат за сите за време на изборните кампањи. Додаде дека Собранието треба да преземе дејствија сега за да покаже дека државата е посветена на постоење на систем на взаемна контрола.

-Штом Државната комисија за борба против корупцијата ја доврши својата национална стратегија за борба против корупцијата, Собранието треба да дејствува и да ја усвои пред следните национални избори. Секое одложување ќе ги доведе во прашање заложбите на земјата за унапредување на евро-атлантските интеграции, истакна Брнз.

Додаде дека навременото усвојување на стратегијата ќе биде вин-вин ситуација за општеството, а не бара речиси никаков напор, истакна Брнз.

-Демократска и просперитетна Македонија заснована на вредностите на транспарентност и одговорност е одличен партнер за Соединетите Држави. Ќе продолжиме да работиме со луѓето и институциите на оваа земја за да се оддржи позитивниот импулс кон напредок и за да се создаде подобра иднина, рече амбасадорката./МИА

Медведев по повлекувањето од Мадрид: Ногата одби да работи

Само две победи во Мадрид го делеа Данил Медведев од седмиот триумф на Мастерсот - по елиминацијата на Карлос Алкараз и Јаник Синер, тој беше највисоко рангиран учесник - но судбината не сакаше така.

Четвртиот тенисер во светот се предаде откако го загуби првиот сет против Чехот Лехечка со 6:4.

- Ногата одби да работи. Ја почувствував болката во моментот кога направив ретрн. Тој одигра сервис волеј, ја скрати топката, а јас тргнав напред. Се обидов да забрзам, но наеднаш почувствував како ми се заглави колкот. Не можев да спринтам, како кога чувствувате грч или искривување. Јас самиот не знам кое од овие две е точно, изјави Медведев.

Повика физиотерапевт, но третманот не помогнал.

-Го прашав дали состојбата може да се влоши, ми рече дека може ако е исчашување, но не може ако е грч. Се обидов да трчам кон мрежата, не почувствував болка, но сфатив дека е подобро да не ризикувам ништо, исакна Русинот за повредата.

За Медведев повредата дојде во незгодно време. Не само затоа што имаше шанса за прв пат да стигне до финалето во Мадрид, туку уште повеќе затоа што следната недела ја брани титулата во Рим.

-Нема сомнеж дека моето учество таму е доведено во прашање. Морам да одам на преглед и да разговарам со моите тренери. Би било фантастично да се игра во Рим по минатогодишниот триумф, но прво треба да ја видам ситуацијата со повредата.

ДУИ: Изет, на линија со Силјановска и ВМРО, му се заканува на Али Ахмети

Изет Меџити и албанската опозиција  на линија со Гордана Силјановска од ВМРО. Впрочем, истите ја презедоа улогата на „маша“ на Мицкоски против се што е албанско.

Недалеку од денеска, губитникот на изборите на 24 април, Изет и неговите партнери се осмелуваат и им се закануваат на Албанците и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обидувајќи се да внесат страв и неизвесност во пресрет на 8 мај, исто како што тоа го прават Силјановска и Мицкоски.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат загриженост за валканиот речник на Изет и албанската опозиција, а истовремено ги повикуваат граѓаните да не станат плен на мрачните и дестабилизирачки агенди со центар во Белград и Москва.

Им ставаме до знаење на Изет и неговите следбеници, дека Северна Македонија е веќе полноправна членка на НАТО и наскоро членка на Европската Унија.

Трасираниот пат и демократските институции не можат да се уништат со полициски закани, а тоа најдобро ќе го дознаете на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе освои +20 пратеници.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните на 8 мај масовно да го заокружат бројот 4 и да го спречат враќањето на полициската држава и истовремено да ја заверат длабоката историска победа на ДУИ и Европскиот фронт, се наведува во партиското соопштение.

Изет Меџити: ДУИ сака да ги повлече Албанците во бездна!

Во страв од поразот кој несомнено ги чека, ДУИ веќе го загуби компасот! 

Така, нивната единствена цел сега е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редови, обидувајќи се да продолжат со техничката влада повеќе од 100 дена.

Целите на Али Ахмети беа јасни и ВЛЕН ја предупреди јавноста од моментот кога со кандидатурата на Бујар Осман, ДУИ умислено ја елиминираше можноста Арбен Таравари да влезе во вториот круг од претседателските избори. Затоа, денес јавно го прашуваме Али Ахмети:

Дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка? Ако ова е вистина, кажете ѝ на јавноста зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 година? Што се смени од тогаш? Дали стравот од неуспех ви го заматува видот? Или по наредба на руските центри на власта сакате да спречите новото парламентарно мнозинство да обезбеди уставни промени во рок од 6 месеци по формирањето на новата влада?

Зошто работите против интересите на ЕУ и САД? Доволно создадовте магла, одговорете на овие прашања кои се од витално значење за иднината на државата.

Сега кога ќе дојде време да преземете одговорност за корупциските скандали, вие подмолно се обидувате да го злоупотребите целиот албански народ како штит, но и помалите етнички заедници кои ги користите како заложници. Овие трикови веќе видени, не поминуваат.

По 8ми мај ќе има Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички претставник на Албанците, ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодговорно и кукавичко.

Затоа, ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти и демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам, туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки.

Коалиција ВЛЕН

притисни ентер