КАНЕЛОНИ ПОЛНЕТИ СО МОРСКИ ПЛОДОВИ

Рецепт на  АНИТА ЃОРЃИЕСКА

Потребни состојки: 250 гр. канелони, 400 гр.морски плодови, 100 гр. ориз, 500 мл. хопла, 500 мл. доматен сос, 2 чешни лук, малку пармезан, маслиново масло, мешавина од бибер, рузмарин, свеж босилек, ловоров лист и магдонос.

Постапка:

Во тава со загреано маслиново масло се пропржуваат морските плодови околу 5 минути.

Во текот на пржењето се додава сечкан лук и се зачинува со: мешавина од бибер, рузмарин и магдонос.

Потоа се додава ориз и се продолжува со пржењето уште неколку минути.

Со добиената смеса се полнат канелоните.

Полнетите канелони се полеваат со загреана хопла зачинета со бибер и ловоров лист.

Озодгора се додава доматен сос и пармезан.

Се додава свеж босилек и се зачинува со бибер.

Се пече во загреана рерна околу 20 минути на 220 степени.

Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово

 Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признале Косово.

-Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток... На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност.

Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп го прашал дали има проблеми со Кинезите, а тој одговорил дека нема.

Во врска со Косово Вучиќ изјави:

- Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир.

На прашањето за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ потсети дека бил нападнат за време на неговата посета на тој град и дека 109 земји од светот во Генералното собрание на ОН го делат мислењето на Србија за тоа дали станува збор за геноцид.

- Секогаш бев подготвен да признаам дека масакрот во Сребреница беше страшен... Секогаш сум подготвен да им оддадам почит на жртвите, но не сум подготвен да зборувам на тој начин и да поставувам нови политички прашања и нови политички проблеми - изјави Александар Вучиќ.

- Никој не негира што се случи во Сребреница. Верувам во помирување во регионот, но не верувам во таков наратив што ќе донесе повеќе конфликти, рече Вучиќ.

За прашањето за „големосрпската идеологија“, Вучиќ вели дека тоа е измислена приказна од луѓе кои сакаат да и нанесат штета на Србија.

- Зарем не е малку лицемерно во целиот свет да се обединуваат народи кои имаат ист јазик и ист идентитет, а за тоа се обвинува Србија... Србија има свои граници според уставот и резолуциите. Ништо повеќе не ни треба“.

Тој укажа на фактот дека западните земји земаат повеќе нафта и гас од Србија, иако и воведоа санкции.

-Седиме само на српското столче. Многу сум горд на тоа. Тоа значи дека ние самите одлучуваме – рече претседателот на Србија и додаде дека ставот на Србија е принципиелен.

Приватните автобуси повторно на скопските улици

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси.

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП - Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки.

Приватните превозници апелираа до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

- Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје - Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави Јовица Зафировски во саботата.

Приватните превозници, според него, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостатокот на автобуси од ЈСП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на приорден гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта.

Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната грејна сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

- Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, изјави Мицкоски вчера по пуштањето во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требало веќе го направиле.

- На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, рече Мицкоски.

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

 Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија - Вилнус, се урна врз двокатна куќа.

Несреќата се случила на околу 4 километри од аеродромот во Вилнус. Спасувачките екипи реагирале на местото на настанот. Од урнатините на авионот извлекле еден од двајцата пилоти, кој бил жив и свесен, но по неколку минути починал од повредите здобиени во несреќата.

Во авионот на компанијата Свифтер имало вкупно двајца пилоти и двајца вработени во „DHL“. Се трага по едно лице кое патувало во авионот.

Нема загинати од лицата кои биле во куќата врз која се урна авионот. Куќата се запалила кога машината удрила во неа. Од таму се евакуирани 12 лица.

Инцидентот бил пријавен во спасувачките екипи во 5.28 часот. локално време. Авионот се приближувал до аеродромот во Вилнус за да слета таму кога се случила несреќата.

притисни ентер