Потребни состојки : 1 литар вода, 300 гр. пченкарно брашно, 300 гр. џимиринки, 300 гр. сирење, 4 јајца, 2 чаши јогурт, малку сол и малку масло,
Постапка:
Во тенџере со вода се става малку сол и масло и се остава да зоврие.
Во чинија со пченкарно брашно се додава малку ладна вода и се меша се додека не се добие хомогена смеса.
Смесата постепено се става во тенџерето и се меша се додека не се згусти.
Откако ќе се згусти, смесата се остава да се излади.
Со лажица се става слој од смесата на тепсија премачкана со масло.
Потоа се редат џимиринките и сирењето, а врз нив се става уште еден слој од смесата.
Се попрскува со масло и се става во рерна неколку минути да се потпече.
Потоа се прелива со смеса од матени јајца и јогурт и се продолжува со печење се додека не добие румена боја.