Јутјубер загина во сообраќајка: Се превртел со автомобилот и излетал на патот

Андре Бидл, познат како 1Stockf30, загинал во вторникот кога неговиот автомобил удрил во друг и се превртел на автопат недалеку од аеродромот ЏФК.

Бидл (25) од Бронкс возел „со голема брзина“ кога изгубил контрола над возилото, излетал од патот и испаднал од возилото, изјавиле за Daily Mail од њујоршката полиција.

Испаднал од возилото и неговото тело било пронајдено покрај патот. Тој бил пренесен во блиската болница, но лекарите не можеле да му помогнат.

Сопатник во возилото на Бидл, 21-годишен маж, се здобил со повреди, но преживеал.

Возачот на Акура не бил повреден во инцидентот. Несреќата се уште е под истрага, но сведоците тврдат дека се случила за време на улична трка, пренесува The Mirror.

Вечерва во парк во Бронкс ќе се одржи меморијално пуштање на балон во чест на Бидл.

Бидл објави 20-минутно видео на својот канал на Јутјуб, на кое се гледа како работи на своето виолетово БМВ со пријателите само неколку часа пред трагичната несреќа.

Мајка ја испушти количката со бебето- во тој момент доаѓа воз (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи шокантна снимка од британскиот град Банбери, каде тримесечно бебе за чудо ја избегна трагичната судбина.

Инцидентот се случил во јуни на локалната железничка станица, а бил снимен од надзорна камера. Надлежните ги открија сите детали.

Во извештајот се наведува дека „мајката ја испуштила количката со бебето на момент надвор од видното поле“, и таа се спуштила по платформата.

Токму тогаш на станицата пристигнал воз кој се движел со брзина од 56 km/s.

Мајката сфатила што ќе се случи и се обидела да ја повлече количката, но таа удрила во страната на возот и се превртела, пишува Дејли Мејл.

Другите патници притрчале да помогнат и сфатиле дека детето се здобило со полесна повреда на главата.

Доколку количката тргнеше на шините три секунди порано, трагедијата не можеше да се спречи, велат надлежните.

„Истрагата покажа дека нашите работници ги почитувале сите оперативни и безбедносни правила. Овој вознемирувачки инцидент е потсетник дека луѓето треба да бидат внимателни во секое време кога се во близина на железнички пруги“, беше објавено.

Ужас во Мексико: Единаесет тела биле пронајдени во напуштен камион, меѓу нив и малолетници

Властите во градот Чилпансинго, Мексико, пронашле 11 безживотни тела во напуштен камион, соопшти денеска државното обвинителство на државата Гереро (ФГЕ).

Меѓу жртвите пронајдени во средата вечерта имало две жени и девет мажи, меѓу кои и двајца малолетници, пренесува Сигло де Тореон, објави Би-Би-Си.

Според извештаите, телата биле пронајдени откако мештаните пријавиле во полиција дека во околината има напуштен камион.

Надлежните соопштија дека покренале истрага за убиство и дека се трага по сторителите.

Засега не се знае дали ова дело е поврзано со исчезнувањето на 16 лица пред две недели.

Аргентински обвинител: Лиам Пејн не извршил самоубиство

Обвинителството што ја истражува смртта на Лијам Пејн ја отфрли можноста починатиот пејач да се самоубил, соопшти аргентинското обвинителство во соопштение за печатот.

Официјалните лица рекоа дека дошле до овој заклучок откако утврдиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот CasaSur во Буенос Аирес на 16 октомври.

Оваа информација, во комбинација со „други релевантни информации“ за количината на дрога што ја конзумирал пред неговата смрт, како што е забележано во неговиот токсиколошки извештај, им овозможи на обвинителите да заклучат дека Пејн не бил целосно свесен или бил во состојба на „намалена или изгубена свест “ и затоа не паднал намерно, пренесува Page Six.

„Оваа ситуација ја исклучува можноста за свесно или доброволно дејствие од страна на жртвата, бидејќи во состојбата во која се наоѓал не бил свесен за своите постапки ниту можел да ги разбере“, се вели во соопштението на обвинителството.

Да потсетиме, аргентинската полиција уапси три лица за смртта на Лиам Пејн. Според извештаите на ABC World News и аргентинскиот весник La Nación, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријател на Лиам, кои наводно се претставил како негов менаџер. Според нив, пејачот поминал извесно време со нив пред неговата смрт.

притисни ентер