Јаневска: Оваа Влада има големи очекувања од наставниците, но ќе им возврати за трудот

Наставниците ќе ги добијат заслужените повисоки плати, ќе имаат поголеми можности за кариерен развој, а подобрувањето на условите во кои работат е меѓу приоритетите на оваа Влада. 

Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на доделувањето на признанијата на најдобрите наставници во предучилишното, основното и средното образование во претходната учебна година, во организација на Сојузот на просветни работници.

Честитајќи им на наградените, Јаневска рече дека учителите, наставниците, професорите – се оние на кои им ги доверуваме нашите најмили за да ги научат да бидат добри, чесни и вредни, да им ги отворат вратите на знаењата и науката и да ги подготват за времето што доаѓа.

Министерката посочи дека оваа Влада има големи очекувања од наставниот кадар, но исто така и ќе им возврати за нивниот труд.

„Дозволете да ве потсетам дека нашите ученици на ПИСА и другите меѓународни тестирања не постигнуваат резултати какви што сакаме да бидат, и тоа мора да го поправиме. Затоа правиме суштински промени - го продолжуваме престојот на учениците во училиште, ги менуваме наставните програми, а во центарот на овие активности се наставниците. За да може да образуваат кадри кои утре ќе го носат развојот на оваа држава, наставниците мора да бидат стручни и платени“, укажа министерката за образование и наука Јаневска.

Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието ја утврдуваат динамика по која наставниците посетуваат акредитирани обуки и ќе го продолжат личниот професионален развој.

Говорејќи за платите, министерката Јаневска потврди дека ветувањето за повисоки плати на наставниот кадар нема да биде заборавено. Информираше дека за наредната година е планиран поголем Буџет за секторот Образование и наука, над 40 милијарди денари, што вклучува повисоки лични примања на наставниците и засилени капитални инвестиции.

„Сакаме во нас наставниците да гледаат доверлив партнер. Во тоа ќе се уверат во времето што доаѓа. А она што го бараме од нив за возврат е само најдобро што можат да ја работат својата работа и на децата да им го даваат најголемото и трајно богатство во животот – знаењето“, рече министерката Јаневска.

Признанијата во предучилишно образование ги добија Роза Костеска од детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид и Татјана Михајловска од детската градина „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје. Најдобри одделенски наставници се Станче Штерјовска од ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово и Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид. Во предметната настава, признанието го добија наставничката по музичко образование Ана Цунева од ООМУ „Боро Џони“ во Струмица и наставничката по биологија Олгица Бајалџиева од ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје. Најдобар наставник во средно образование е Наташа Божиновска од СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, додека пак, најдобри наставници од заедниците се прогласени Хатиџе Топали од ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ и Валентина Каранфиловиќ од СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово.

Министерство за образование и наука

Храбрата учителка од Загреб има 31 убодна рана, се уште дише со помош на апарат!

Детската болница „Свети Дух“ во Загреб потврди дека наставничката имала 31 убодна рана. 

Но и дека здравствената состојба и е стабилизирана.

И три деца повредени во нападот со нож се стабилни, јавува 24сата.хр.

Вчера 19-годишник кој се лекувал на психијатриска клиника изврши трагичен напад во загрепското основно училиште во Пречко.

Поранешниот ученик во ова основно училиште во напад со нож избоде наставничка и десетина деца.За жал еден ученик починал.

Младиот човек е уапсен. „Наставничката е стабилна, се уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е закажана дополнителна дијагностика за нејзиното лекување“, одговорија од болницата „Свети Дух“ и потврдија дека наставничката имала 31 убодна рана.

Хрватското Министерство за здравство соопшти дека детето кое се лекува на клиниката во Ребро и двете деца на Клаиќева се стабилни и добро.

Утрото по трагедијата пред основното училиште во Пречко владее молк и тага.

Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото.

Орбан: Унгарското претседателство беше успешно, не можевме да маневрираме околу Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно, посочувајќи дека, меѓу другото, е фокусирано на војната во Украина, но Унгарија нема простор за маневрирање таму поради сериозни и длабоки несогласувања во унијата.

Унгарскиот премиер ја започна својата годишна прес-конференција изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

Зборувајќи за унгарското претседателство со ЕУ и за критиките дека Унгарија е изолирана, Орбан рече дека не гледа изолација бидејќи половина свет е во Унгарија. Тој додаде дека Унгарија го организирала најголемиот дипломатски настан во својата историја.

Орбан тврди дека унгарското претседателство било ориентирано кон креирање политики, наместо на бирократски пристап и дека било фокусирано на руско-украинската војна, Шенген зоната и конкурентноста.

-Што се однесува до војната, Будимпешта немаше простор за маневрирање поради сериозните и длабоки несогласувања внатре во ЕУ за стратегијата за приближување кон конфликтот. И покрај тоа, сериозноста на ситуацијата ја принуди Унгарија да започне мировна мисија и да се обиде да постигне мир, рече Орбан.

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат.

Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?

Толку ли вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури.

Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.

Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци.

Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.

Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.

Наместо смешни прес конференции ДПМНЕ да го повика Тошковски да понесе одговорност и да поднесе оставка.

Соопштение, реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ

СДСМ

притисни ентер