Јанева го загуби правото да оди на работа надвор од затворот „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од вчера повторно е вратена на целосно издржување на затворската казна во Идризово, откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син.

Од Управата за извршување санкции за Канал 5 велат дека по анонимна дојава бил извршен увид во канцеларијата во која не само што не била затекната екс-специјаланта обвнителка, туку адвокатската канцеларија воопшто не работела.

Синот на Јанева, Лазар пак негира дека поранешната специјална обвинтелка не била на работното место и тврди дека во моментот на увидот користела пауза за ручек, поради што и била затворена адвокатсакта канцеларија.

Јанева правото на делумна слобода го користеше од јануари годинавам, од кога е вработена во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар, а нејзината плата одеше на сметка на затворот Идризво.

Можноста да може да работи и да го напушта затворот наутро, а да се враќа попладне на Јанева и беше одобрена врз основа на добро поведение и поради тоа што веќе имаше издржано пет години од вкупната затворска казна. Директорот на Управата Пандов, вели дека со оглед на тоа што Јанева еднаш го прекршила правото на користење на таканаречената делумна слобода, таа повеќе нема да може да користи ваква привилегија во идинина, освен правото на годишен одмор и дека остатокот од затворската казна ќе мора да го помине во затворот Идризово.

Екс-шефицата на СЈО Катица Јанева беше осудена на 7 годинишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер