Тој и уште пет негови соработници беа пријавени во ОЈО дека ја злоупотребиле должноста и легализирале времени објекти, што според Јакимовски не е точно, бидејќи тие имале одобрение за градба уште пред 30 години, односно истите биле дадени од државата на сопствениците на трајно користење преку надоместок.
-Законот вели, се легализира се она за што се издава одобрение за градба, објектите, односно спортските терени на Александар Палас имаат одобрение за градба издадена во 99’ година од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само еден обичен обид, политички, пред локалните избори, овде не се цел на напад овие мои колеги кои што се петмина, ги наведуваат, овде сум цел на напад јас како градоначалник, а искрен да бидам ова кривичниве пријави мене ми доаѓаат како три од карти, значи постојано само ако можат да фабрикуваат кривични пријави, водејќи сметка дека со мене реторички не можат да се справат,- -Стевчо Јакимовски – Градоначалник на Општина Карпош.
Јакимовски вели дека законодавецот поставил неколку филтри, почнувајќи од геометарот кој не би можел да отпочне изработка на елаборат доколку е времен објект, па се до катастарот кој ја утврдува законитоста и би го поништил предметот ако нешто не е во ред, за што би реагирале и од Град Скопје, а во случајов такво нешто не се случило и предметот е чист, уверува Јакимовски.
-Она што е најбитно, за ова да кажам, одговрно, јас и моите колеги тврдиме дека овде постапката е спроведена согласно законските прописи и дека нема никаков правен пропуст. МВР тврди дека објектите се времени, јас морам да им кажам дека слабо ја познаваат оваа материја, значи објектите ако се времени овде треба да стои решение за поставување на времен објект. Второ, да ми кажат кој Цацко ги тераше да бараат одобрение за градба на тениските терени покрај Вардар и тениските терени овде покрај Александар Палас и еве О.Карпош им издала одобрение за градење, тие ги градеше владата на Никола Груевски. Овие објекти не се времени, туку за нив се издава одобрение за градба затоа што се прави градба, Стевчо Јакимовски – Градоначалник на Општина Карпош.
Градоначалникот очекува што побргу да биде повикан во ОЈО за расчистување на овој случај, а колегите кои се засегнати од истиот, одбиваат да работат на било каков предмет кој им е потребен на граѓантие додека не се докаже вистината.
Според пријавата на МВР пак на правното лице му било овозможено да регистрира објекти, наводно без дозвола на околу 4.000 метри квадрати, со што, како што велат, се оштетил буџетот со 2.4 милиони евра.