Ивановски: ДКСК и ЈО можат да истражуваат паралелно во рамките на своите надлежности

Антикорупционерите и Јавното обвинителство можат паралелно во рамките на своите надлежности, но и заеднички да истражуваат дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува  потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција.

Антикорупционерите и Јавното обвинителство можат паралелно во рамките на своите надлежности, но и заеднички да истражуваат дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција, вели во изјава за Канал 5 поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска. Никој не треба никого да чека, додава таа, во однос на најавите од Јавното обвинителтво дека ќе го почекаат мислењето од Антикорупциска, а доколку тоа не се случи во разумен рок тие ќе отворат предмет.

„ Секој си има свои надлежности и ДКСК и ЈО има друг никој на никого не му стои на патот дотолку повеќе и со склучениот меморандум може да седнат на маса да го разгледаат предметот и да се договорат кој во кој дел ќе постапува. Чекањето условно речено е купување време, според мене. “-Билјана Ивановска – Поранешна претседателка на ДКСК.

Во меѓувреме, додека Антикорупционерите ја чекаат потребната документација за да проверат дали Христовски приложил лажен сертификат за познавање англиски јазик TOEFL издаден од училиште за јазици од Пловдив, Ивановска вели дека проблемот со фалсификуваните сертификати за јазик претставуаат горлив проблем и со слични случаи се среќавал и минатиот состав на ДКСК со кој таа раководеше. За да се спречи ризикот од корупција, таа препорачува сите кои се на раководна позиција, а имаат серфитикат добиен во странаска држава да преполагаат во Македонија.

„ Затоа оваа можност стана многу страшен ризик од корупција, особено за сертификатите кои се носат од Бугарија и Албанија. Затоа сега мислам дека сега е време да се справиме со оваа појава и тоа на ефикасен начин. Така што инстуциите како Собранието Владата, оние кои вршат избори и именувања на раководни функционери за кои е потребно да имаат ваков серитифкат да ги признаваат само сертификатите кои се стекнати во акредитирани институции во државата, // а тие што станале на раководна позиција со ваков сертификат да си преполагаат во државата така да кој положи положи а кој не положи да си сноси целосна одговорност. “Билјана Ивановска – Поранешна претседателка на ДКСК.

Инаку, за користење на лажен TOEFL сертификат од истото училиште Јулија од Пловдив македонските судови веќе донеле условни пресуди за две директорки на јавни установи.

Воздушна тревога низ Украина, серија експлозии во Киев – има настрадани

Во Киев е прогласена воздушна тревога и се слушнале серија експлозии, јавија украинските медиуми, додавајќи дека едно лице загинало во напад со дрон.

Противвоздушните сили на Украина оперираат за пресретнување на проектили и беспилотни летала.

Воздушната тревога во овој и во другите региони се уште е во тек, објави украинскиот јавен сервис ТСН.

Како резултат на нападот во Киевската област, едно лице загинало, а четворица се повредени, соопшти в.д на шефот на Киевската ОВА, Никола Калашник.

Според него, загинал возач на камион.

Во друга област, урнатините од соборениот дрон паднале врз приватна куќа, при што бил запален покривот.Во друга населба во болница е пренесена жена поради повреди.

Препродавале луксузни, украдени автомобили- меѓу десетте и двајца вработени во МВР и еден Грк

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили.

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.

Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.

Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.

Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.

По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

За еден обвинет на сила се мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

Израел и Хамас подготвени за нови преговори во Катар, овој пат со големи шанси за успех

Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.  

Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а висок функционер на групата изрази оптимизам.

-Постојат добри изгледи овој пат преговорите да бидат успешни, изјави Муса Абу Марсук за катарската организација Ал-Араби Ал-Џадид.

Тој не откри на што го темели својот оптимизам. Ќе биде тешко да се постигне компромис, бидејќи и Израел и Хамас сакаат меѓусебно да се уништат.

Израел бара список со имињата на живите заложници заробени во Газа. Хамас објави дека му е потребна пауза во борбите за да се утврди локацијата и здравствената состојба на заложниците, што Израел го смета за изговор, пренесуваат медиумите.

Војната започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, при што загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени околу 250.

Според палестинските податоци, од почетокот на војната во Газа се убиени над 45.500 лица.

притисни ентер