Пазарот на електронски комуникации ја заврши годината со раст кај сите индикатори, со поплаки од корисниците претежно за лоша интернет услуга, за висока сметка за роаминг и за измена на одредби од претплатнички договор, но и најава за нов оператор во мобилната телефонија за што по писмото со намера од 4iG до АЕК треба да биде отворена јавна расправа.
Од Агенцијата за електонски комуникации (АЕК) за МИА изјавија дека од четвртиот квартал 2023 година заклучно со третиот квартал минатата година до нив се поднесени 351 барање за решавање на спор. Најчести причини за поднесените барања се лоша интернет услуга, висока сметка за роаминг иако претплатникот не бил во странство (користење на пограничен интернет), како и измена на одредби од претплатнички договор, информираат за МИА од АЕК.
Од вкупниот број барања за решавање на спор, завршени се 294, од кои усвоени се 78, делумно се усвоени 15, одбиени се 115, а отфрлени 16. За 34 барања е запрена постапката, за 19 Агенцијата била ненадлежна, а за 17 барања докуметацијата била непотполна.
На прашање на МИА за оценка на развојот на пазарот на електронски комуникации од Агенцијата посочуваат дека според последните расположливи податоци заклучно со вториот квартал лани, може да се констатира оти кај сите индикатори има раст.
[Во објавеното рангирање за квалитетот на мрежите во Европа на ниво на држави од страна на порталот www.connect.de во рубриката Топ тема нашата држава е позиционирана на високото второ место c]
За годинава посочуваат дека ќе спроведуваат активности во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК).
По писмото за изразување намера за влез на пазарот во Македонија од 4iG, следен чекор во согласност со ЗЕК е отварање на јавна расправа за да можат сите заинтересирани страни да го искажат својот став. Од резултатот на јавната расправа ќе се знае дали ќе се поведе постапка на јавен тендер или постапка на јавен тендер со јавно наддавање, изјавија за МИА од АЕК.
Од Агенцијата за електонски комуникации (АЕК) за МИА изјавија дека од четвртиот квартал 2023 година заклучно со третиот квартал минатата година до нив се поднесени 351 барање за решавање на спор. Најчести причини за поднесените барања се лоша интернет услуга, висока сметка за роаминг иако претплатникот не бил во странство (користење на пограничен интернет), како и измена на одредби од претплатнички договор, информираат за МИА од АЕК.
Фокусот, како што порачуваат, пред се е во согласност со ЗЕК зголемување на конкуренцијата на пазарот, обезбедување грижа за корисниците, како и обезбедување ред на сите комуникациски системи во државата.
Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, на 17.месецов објави дека доставила официјално писмо за намери до АЕК, каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.
Оттаму посочија дека овој чекор претставува значителна пресвртница во нивните планови за да придонесат во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесат засилена конкуренција во секторот. Најавија дека во текот на следните месеци, ќе соработуваат со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.
- Нашето истражување на пазарот покажа големи можности поради достапноста на опсегот на фреквенции и секако поради поддршката од регулаторната средина, соопшти Групацијата порачувајќи дека достапноста на фреквенцијата е од суштинско значење за градење на мрежата.
На 18 октомври Групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започнала со подготовки за влез на пазарот во Северна Македонија, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“, а претходно раководството на компанијата потпиша меморандум за соработка со македонската Влада.
Вицепремиерот и министер за транспорт Алескандар Николовски во изјава за медиуми истакна дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од 4iG Group ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги.
– Унгарската компанија 4иГ денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката. Се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот, два оператора, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани, ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари, рече Николоски.
Според Извештајот на АЕК, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал во 2024 година изнесувал 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Регистрирани се 248 293 деловни пост-пеид претплатници. Во вториот квартал во мобилната телефодина биле реализирани 1.409.062.356 минути разговор.
Податоците од Извештајот покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал биле 1 549 967 претплатници. Во вкупниот број претплатици, А1 Македонија има удел од 47,9 проценти, Македонски Телеком 46,57 проценти, Лајкамобајл 3,05 проценти, Телекабел 1,29 проценти МТЕЛ 1,08 проценти, Греен мобиле 0,11 проценти.
Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од 2024 година, Македонски Телеком има удел од 49,96 проценти, А1 Македонија, 46,93 проценти, МТЕЛ 1,39 проценти, Телекабел, 0,88 проценти, Лајкамобајл, 0,71 проценти, Греен мобиле 0,13 проценти. Вкупниот број на фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.
Во Годишната програма за работа на АЕК во 2025 година е наведено дека Секторот за радиокомукации ќе работи на измена на Планот за доделување и користење фрекфенции, односно подготовка на предлог верзија на планот, јавна расправа и негово усвојување, како и спроведување на постапка за објава на намера за доставување барање за издавање одобрение за користење радиофрекфенција (објава на намери за доделување радиофрекфенции, барање согласност од Владата за висина на еднократен надомест, изработка на тендерска документација, спроевдување на тендерска постапка и издавање одбренија).
Приходите на АЕК за 2025 година се планирани во износ од 572 550 000 денари во 2025 година, за 31,02 проценти помалку во однос на минатата година.. Се планираат 460 милиони денари од надомест за користење радиофрекфенции, 57 милиони денари од надзор на пазарот на електронски комуникации, 53 милиони денари од надомест за користење на доделени броеви и серии броеви. Исто така, приходи по каматни листи и судски такси од 800 илјади денари, 500 илјади денара од продажба на расходувани основни средства, 350 илјади денари од камати на видување...
Од планираните расходи, 222. 255. 060 се во ставката плати, по што следуваат пренесени средства на други субјекти, 81. 537.534 денари, од кои најголемиот дел се за финансирање на дејности на Оперативно-техничката агенција ОТА, набавка на опрема, 45. 421. 291 денар, интелектуални и други услуги, 34. 154.000 денари, помошти, донации и други давачки со 31.733.000, издатоци за реклама, пропаганда и репрезентација во износ од 4,9 милиони денари... Во финансискиот план не се предвидени капитални средства.
[Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите]
Според податоците на АЕК, бројот на претплатници на пристап на интернет преку оптичка мрежа во вториот квартал изнесува 176 280. Споредено со претходниот квартал се забележува раст од 4,31 процет, а во однос на првиот квартал од 2023 година за 21,16 проценти. Пристап до интернет со широк опсег имаат 534 468 претплатници односно може да се забележи раст од 0,46 проценти во однос на четвртиот квартал од 2023 година, додека споредено со првиот квартал од 2023 година бројот на активни претплатници е зголемен за 6,43 проценти.Од 81 нотифициран субјект во службената евиденција на АЕК, 72 субјекти обезбедуваат услуги за пренос на податоци во првиот квартал од 2024 година.
Според регулативата за пазарот на електронски комуникации, претплатник има право да поднесе приговор до операторот во врска со обезбедувањето на услугите, на износот со кој е задолжен за обезбедената услуга, за квалитетот на обезбедената услуга, како и приговор поради повреда на одредбите од склучениот договор за приклучок и користење на јавна комуникациска мрежа и/или јавно достапни електронски комуникациски услуги. Приговорот го поднесува до операторот во пишана форма во рок од 15 дена од денот на настанатата повреда и мора да ги содржи фактите и доказите на кои се заснова.Операторот е должен на претплатникот да му достави одговор во писмена форма за основаноста на поднесениот приговор во рок од 15 дена од денот на приемот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот до Агенцијата за електронски комуникации да достави барање за решавање на спор.