Иранците тврдат дека 80% од ракетите погодиле цели во Израел

Иранската државна телевизија тврди дека 80 отсто од околу 200 проектили лансирани вечерва кон Израел ги погодиле нивните цели.

Сепак, израелските одбранбени сили рекоа дека „не се свесни“ за какви било повредени од нападот, кој беше лансиран во последните неколку часа, објави Скај Њуз.

Дополнително, портпаролот на Адом - израелската служба за итни случаи, Маген Дејвид - рече дека „нема извештаи за повредени од нападот кон Израел“.

Ова е со исклучок на „две лесни повреди од шрапнели во областа Тел Авив и некои полесни повреди на национално ниво додека се преселиле во безбедни простори, како и случаи на вознемиреност“.

Се претпоставува дека израелската воздушна одбрана - таканаречената Железна купола - пресретнала голем број балистички ракети.

Извори од сириската армија соопштија дека израелската воздушна одбрана соборила и десетици проектили кои прелетале над јужна Сирија.

Орбан: Унгарското претседателство беше успешно, не можевме да маневрираме околу Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно, посочувајќи дека, меѓу другото, е фокусирано на војната во Украина, но Унгарија нема простор за маневрирање таму поради сериозни и длабоки несогласувања во унијата.

Унгарскиот премиер ја започна својата годишна прес-конференција изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

Зборувајќи за унгарското претседателство со ЕУ и за критиките дека Унгарија е изолирана, Орбан рече дека не гледа изолација бидејќи половина свет е во Унгарија. Тој додаде дека Унгарија го организирала најголемиот дипломатски настан во својата историја.

Орбан тврди дека унгарското претседателство било ориентирано кон креирање политики, наместо на бирократски пристап и дека било фокусирано на руско-украинската војна, Шенген зоната и конкурентноста.

-Што се однесува до војната, Будимпешта немаше простор за маневрирање поради сериозните и длабоки несогласувања внатре во ЕУ за стратегијата за приближување кон конфликтот. И покрај тоа, сериозноста на ситуацијата ја принуди Унгарија да започне мировна мисија и да се обиде да постигне мир, рече Орбан.

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат.

Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?

Толку ли вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури.

Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.

Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци.

Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.

Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.

Наместо смешни прес конференции ДПМНЕ да го повика Тошковски да понесе одговорност и да поднесе оставка.

Соопштение, реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер

СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, модуларната болница во Тетово...

СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, модуларната болница во Тетово, скандалот со набавката на кинеските вакцини и низа други

СДС треба да се срами кога зборува за здравството.

СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.

Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.

Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.

Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.

На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.

СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните.

Реакција на прес-конференција на СДС

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер