Инфраструктурна револуција: Ѓорче без кал се остварува!

Општина Ѓорче Петров успешно реализира уште една започната реконструкција со вкупно нови 5,322 квадратни метри коловоз.

Во рамки на проектот, завршени се следните инфраструктурни чекори:

-Улицата „Исаија Мажовски“ (Хром): 3,122 квадратни метри нов коловоз,

-Улици во Стопански Двор и Волково: 2,300 квадратни метри нови улици, вклучувајќи:

-Улица 51 (Стопански Двор)

-Улица 31 (Волково)

-Улица 49 (Волково)

-Со завршувањето на овие проекти, значително го подобруваме квалитетот на животот на нашите граѓани и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот - изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Започнати се работите и на пешачката улица во населба Александрија, а во Волково се поставува нова канализациона мрежа на улица „35“, што ќе обезбеди подобри услови за живот.

-Со секој нов асфалтиран метар, работиме за побезбедна и подобра иднина за сите нас - додаде Стојкоски.

Овие проекти не само што ја подобруваат инфраструктурата, туку и квалитетот на животот во нашата заедница. Заедно, создаваме современо и урбано Ѓорче Петров!

Лојд Остин во Киев најави нов пакет на американска помош за Украина од 400 милиони долари

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари (368 милиони евра).

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Фудбалскиот клуб Транмер Роверс, еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, наскоро би можел да доживее неверојатен пресврт во својата историја.

Имено, познатата светска музичка ѕвезда Ријана, заедно со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, планира да стане мнозински сопственик на овој клуб од четвртата лига на англискиот фудбал.

Понуда вредна 15 милиони фунти веќе е доставена до сегашниот сопственик, а од тимот на Ријана потврдија дека преговорите се во напредна фаза.

Аквизицијата би можела да донесе значителен финансиски поттик за клубот, кој моментално се наоѓа на 16-тото место во Втората лига, со амбиции да се натпреварува на највисокото ниво на англискиот фудбал во иднина.

Иако идејата за борба за титулата во Англија во моментов изгледа како сон, популарноста и ресурсите на Ријана би можеле да го променат текот на историјата на овој клуб.

Либанскиот премиер со недели нема никаков контакт со Хезболах

Привремениот либански премиер, Наџиб Микати, вели дека нема контакт со претставници на Хезболах со недели, иако милицијата постави двајца министри во кабинетот и има 13 претставници во либанскиот парламент.

- Нема комуникација со Хезболах од средината на минатиот месец, изјави Микати за Ал Арабија. Тој не откри како комуницирал со шиитската организација поддржана од Иран во минатото.

Изјавата на Микати покажува дека лидерите на Хезболах се внимателни и го ограничуваат контактот со другите откако Израел почна да ги проширува воените операции во Либан пред неколку недели, пренесе ДПА.

Се смета дека лидерите на Хезболах често ја менуваат својата локација по убиството на лидерот Хасан Насралах и другите високи команданти.

Хезболах игра голема улога во либанскиот јавен живот, освен воените активности. Обезбедува социјални услуги, вклучувајќи училишта и болници. Милитантната организација влезе и во коалиции со други партии. /МИА

притисни ентер