Инфлуенсерка направи хаос во авион: Сите ме знаат на Инстаграм (ВИДЕО)

Инфлуенсерката Морган Осман, која тврдела дека се забавува со сопругот на Бритни Спирс, Сем Асгари по објавувањето на нивниот развод, е предмет на потсмев на интернет.

Осман е предмет на потсмев откако беше снимена како себеси се нарекува „Славна на Инстаграм “ додека прави хаос во авион.

35-годишната дизајнерка преку ноќ стана главна тема на социјалните мрежи. На видеото се гледа како жената во сив комбинезон го зема својот багаж додека вика на патничка. "Наречете ме кучка уште еднаш! Не направив ништо лошо!" таа се развика, додека патниците се смееја.

Некој ѝ рекол да замолчи во еден момент, на што таа одговорила: "Не, ќути! Ти и твојата кучка!" А кога сфатила дека ја снимаат, бесно се свртела кон таа личност и врескала: „Снимајте ме, славна сум на Инстаграм, кралеви на клошарите!“

"Каков женски кловн! Таа мисли дека е позната, а никој на летот нема поим која е таа", коментираат корисниците на социјалните мрежи. Американ ерлајнс одбиле да го коментираат инцидентот, па не е јасно кога точно е направено видеото и на кој лет.

Дејли Мејл пишува и дека Морган се претставува како модел на Инстаграм и дизајнерка на костими за капење. Таа неодамна го потврди својот идентитет во изјава за NY Post. „Да, тоа сум јас“, вели Осман, која редовно објавува слики во бикини за нејзините речиси милион следбеници на Инстаграм.

Станојковски и Николов ја претставуваат Македонија на ЕП во пинг-понг

Од 15-ти до 20-ти октомври во Линц, Австрија се одржува сениорското Европско Првенство во индивидуална категорија и категорија на двојки.

Нашата држава ја претставуваат државните прваци Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Амелија Уце Николов од ППК Шампион Фа. Тие ќе се натпреваруваат во поединечна категорија, категорија на двојки и категорија на мешани двојки.

Како селектор и тренер исто така учествува Сашко Богатинов. /МИА

Пленковиќ: Милановиќ води политика во руска корист

 Пленковиќ денеска рече дека претседателот Милановиќ води политика за руски, а не за хрватски интереси.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека претседателот Зоран Милановиќ води политика за руски, а не за хрватски интереси, неколку дена откако шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, сугерираше дека кампањата на Милановиќ ја финансира Москва.

„Се прашувам, како одговорен политичар, во чиј интерес Милановиќ беше против тој лично да учествува во иницијативата 'Три мориња' што ја покрена поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ (...) Тој не сака да оди таму, не сака да слушне за таа иницијатива. Што прави со тоа? Тој е слаб. Во чија корист? Па, во корист на оној кој не е во тоа, а тоа е Русија“, изјави Пленковиќ во Берлин.

Пленковиќ го повика Милановиќ зошто не се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на руската агресија врз Украина и не го посетил Киев и на тој начин да и ја даде хрватската поддршка на Украина.

„Мораме да се запрашаме чија е тоа политика, во чија корист? Секако не на Хрватска. Лажното претставување дека со тоа ги штити хрватските национални интереси. Како? Слабеење на позицијата на Хрватска во НАТО, дали тоа е во интерес на Хрватска? Слабеење на позицијата на Хрватска во Европската унија, дали тоа е во интерес на Хрватска? Нарушувањето на билатералните односи со Украина, дали тоа е во интерес на Хрватска“, рече Пленковиќ, кој учествува на Берлинскиот процес, самит на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Германија.

Министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман во петокот предложи Русија да ја финансира изборната кампања на Милановиќ и му предложи на Парламентот да го смени на помалку од два месеца од претседателските избори. Опозицијата го повика министерот да ги поткрепи своите тврдења со докази, кој потоа за ХРТ призна дека ги нема.

Македонската дива Калиопи најави јубилеен спектакуларен концерт в сабота во „Борис Трајковски“

Летово Калиопи одржа концерти на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид.

Македонската поп-рок ѕвезда Калиопи за во сабота најави јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси 7 години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.

Таа денеска на прес-конференција, во поинаков вид, на кој беше послужен и појадок, кажа дека концертот ќе биде тричасовен спектакл на која ќе ја даде целата своја енергија на публиката, бидејќи, како што кажа, тој флуид и и е најважен.

-Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене отсекогаш ми била битна публиката. Дали се 100, илјада, 200.000 луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова в сабота како една арена што ќе биде исполнета со луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и љубов. Имам малку, не страв, туку респект кон целото случување, затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години, рече Калиопи.

Калиопи исто така кажа дека имала специјален режим на исхрана како подготовка за овој концерт, при што ја практикувала липосукциската диета и ослабела осум килограми.

Летово Калиопи одржа концерти на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид. Концертот во Скопје ќе се одржи во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“, со што ги заокружува настапите во земјава и продолжува во регионот. /МИА

притисни ентер