IN MEMORIAM: Почина легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ

Синоќа во Скопје на 85-годишна возраст почина еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на Југославија и на независна Македонија, Лазар Лечиќ.

Популарниот Лечиќ беше еден од основоположниците на кошарката во Македонија. Тој остави длбоки и неизбришливи траги во промоцијата и растот на кошаркарската игра кај нас.

Тренерската кариера ја почнува во Работнички, клуб со кој ги забележа и најголемите успеси во екс Југославија . На клупата на Работнички чичко Лазо беше во неколку периоди.Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис.

Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

Мерки на предупредување во Сараево поради загаден воздух

 Сараево и утрово е на високото трето место на листата на најзагадени градови во светот (IQAir), зад Лахоре (Пакистан) и Делхи (Индија). 

Според мерењата во 7 часот наутро, воздухот во Сараево е категоризиран како „многу нездрав“, со ПМ2,5 честички од 206, што е 26,2 пати над дозволеното ниво препорачано од Светската здравствена организација.

Загадувањето на воздухот во Сараево трае веќе неколку дена, а вчера кантоналната влада воведе мерки на „предупредување“ за жителите, особено затоа што се очекува лошата состојба да продолжи поради временските услови.

Мерките вклучуваат забрана за движење на возила со ЕУРО 2 или пониски стандарди во зоната А, како и забрана за сообраќај на товарни возила над 3,5 тони на главните градски улици, пренасочувајќи ги на алтернативни правци. Исто така, се забрануваат градежни работи на отворено, а сите објекти за производство на топлинска енергија со моќност над 50 kW мора да ја намалат температурата во загреаните простории за најмалку два степени.

Мерките предвидуваат и заштита на работниците на отворено, како и забрана за деца да престојуваат надвор за време на часовите по физичко образование и големите одмори.

Осветлени споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште

 Осветлени се споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, информираат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  

- Во рамките на проектот „Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на месноста викана „12 ваташки младинци’’ во Моклиште, нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација. Се осветлија 12 бисти со 12 рефлектори поставени на земја и споменикот со дополнителни осум рефлектори исто така поставени на земја, појаснија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека инвестицијата е дел од тендерот за нови нисконапонски инсталации за улично осветлување, со вкупна вредност од 65 милиони денари.

Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска

 Маж од Јужна Кореја е осуден на условна затворска казна од една година, бидејќи намерно се здебелил повеќе од 20 килограми, за да избегне воена служба, соопшти денеска Судот во Сеул.

Според судската одлука, и пријател на осудениот добил условна казна од една година затвор затоа што му помогнал да избегне воена служба. Во 2017 година оној кој требало да служи војска, тежел 83 килограми, но по советот на неговиот пријател дека може да ја избегне воената служба доколку има вишок килограми, тој го удвоил дневниот внес на храна, сосредоточувајќи се на висококалорични прехранбени производи. Според тамошните медиуми, и двајцата се на возраст од 26 години.

На три прегледи од 2022 до 2023 година тој тежел од 102 до 105 килограми, поради што тој требало да одработи само цивилна воена служба.

Инаку, од Јужнокорејците - мажи на воена возраст, се бара да отслужат воен рок од 18 до 21 месец, со тоа што лицата со здравствени проблеми, служат цивилна воена служба во установи како што се центрите за социјална помош. Мажите со сериозни здравствени проблеми се ослободени од воени должности.

Во Јужна Кореја годишно се забележуваат околу 50 до 60 случаи на избегнување воена служба.

притисни ентер