ИДФ: Убиен командант на Хамас кој работел и за УНРВА

Израелската војска соопшти дека убила командант на Хамас кој бил вклучен во напад на јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а работел и за агенцијата за помош на ОН во Појасот Газа.

Израел ја обвини УНРВА дека има многу вработени кои исто така се членови на Хамас и други вооружени групи.

ОН по истрагата во август соопштија дека деветмина вработени во УНРВА најверојатно биле вклучени во нападите на 7 октомври и ги отпуштиле.

Израелската војска соопшти дека Мохамад Абу Итиви бил убиен во средата. За него се вели дека бил командант на Хамас и дека учествувал во убивање и киднапирање израелски цивили. Исто така, се наведува дека тој е вработен во УНРВА од јули 2022 година и дека неговото име е на списокот на вработени во агенцијата.

УНРВА потврди дека Итиви бил член на персоналот и бил убиен во средата.

УНРВА обезбедува образовна, здравствена и хуманитарна помош за милиони Палестинци во Газа, Западниот Брег, Јордан, Либан и Сирија. Долго време имаше затегнати односи со Израел, а тие се влошија од почетокот на војната во Газа. Израел постојано бараше распуштање на УНРВА. /МИА

Кралот Чарлс: Важно е да се разбере историјата на Британската империја која вклучуваше ропство

Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој присуствуваа шефови на држави или влади на 56 земји.

Британскиот крал Чарлс Трети денеска на Самитот на Комонвелтот во Самоа изјави дека е многу важно да се разбере историјата на Британската империја, која вклучувала ропство на африканските, карипските и другите народи, со цел да, како што наведе, во иднина да се донесат правилни одлуки.

Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој присуствуваа шефови на држави или влади на 56 земји, што започна во понеделникот во Самоа во Полинезија, опишувајќи го прашањето за ропството како „болно прашање“.

Говорот на британскиот крал доаѓа во време кога Африка и Карибите и другите земји продолжуваат да се залагаат Велика Британија да им плати репарации за трговијата со робови.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија ќе ги слуша говорите на официјалните лица за ова прашање на самитот, но нема да се извини за својата улога во трговијата со робови.

Министерот за надворешни работи на Бахамите, Фредерик Мичел, вчера за Би-Би-Си изјави дека нацрт-заклучоците на самитот, кои се очекува да бидат објавени утре, ќе вклучуваат параграфи кои повикуваат на дискусија за исплата на репарации.

Од 15 до 19 век, најмалку 12,5 милиони Африканци биле насилно транспортирани со брод од европските трговци и продадени во ропство. /МИА

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците ова утринава го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за мерката за ограничени маржи која треба да заврши на крајот на месецов.

Според него мерката ги дала потребните ефекти. Инаку потрошувачката кошничка повторно е над илјада евра за четиричлено семејство. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. Државната статистика објави дека втор месец по ред се намалува просечната плата.

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и  одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, извршиле претрес во домот на З.В.(55) во село Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

притисни ентер