И загадениот воздух може негативно да влијае на хроничното опструктивно белодробно заболување

Над 100 илјади граѓани во Македонија имаат хронична опструктивна белодробна болест. 

Причина за оваа болест е пушењето цигари, објаснуваат пулмолозите. На светскиот ден посветен на оваа болест Институтот за белодробни заболувња и туберкулоза организираа превентивна прегледи каде преку мерење на капацитетот на дишењето се гледаше примарниот квалитет на дишењето. Директорот на инстиутот објаснува дека граѓаните ги игнорираат симптомите на кашлица и доаѓаат во фаза кога губат воздух и имаат свирење во градите. А дополнително на овие пациенти влијае и загадениот воздух.

„Најчесто не ги забележуваат симптомите или ги игнорираат. Прв симптом е кашлицата и навситина треба веднаш да се дојде на преглед. Она што го гледаме како бројки и во ФЗОМ, мал број на овие луѓе се лекуваат и земаат лекови. Исто такак и загадениот воздух влијае лошо на луѓето со ХОББ“, вели доц. д-р Димитар Каркински директор на Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

Македонка Пангиева по направениот преглед доби препорака да замине на дополнителни испитување, бидејќи резултатот покажа низок капацитет на белите дробови. Таа ја знае причината за нејзината состојба – тоа се цигарите, ама тешко оди откажувањето.

„Пробувам да ги откажам ама тешко. Имам 75 години, а пушам 50 години’, расакжува скопјанката Македонка Пангиева.

Пулмолозите велат дека најважно за ХОББ е болеста да биде под конторла, и граѓаните да не пушат цигари. Според истражувањата, Македонија е меѓу првите три земји во Европа каде граѓаните пушат цигари. 45 % од возрасното население пуши цигари.

МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамс Мухамед Диаб ал-Масри, јавија американските медими.

МКС соопшти дека налозите за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“.

Во него се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“.

Happy buy-day Opel Македонија! 125 години Opel

По повод 125 годишнината на Германскиот производител на автомобили Opel Automobile GmbH, компанијата Еуроимпекс ДОО како генерален увозник за Opel возилата во регионот, истапува со најнова роденденска понуда!

Happy buy-day – 125 години Opel се однесува на трите најпосакувани модели во гамата.

Тоа се Opel Corsa, Opel Astra и Opel Mokka.

“Yes of Corsa”, Opel Corsa го доби признанието „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија на истоимениот национален избор организиран од страна на неколку реномирани македонски автомобилски медиуми.

„Она што сакаме да го истакнеме е дека, покрај оваа понуда, само оваа недела со почеток од 18.11.2024 до 25.11.2024 сме присутни во Сити Мол со специјалната понуда на верзијата на Opel Corsa – YES EDITION (1.2 Turbo 100 KS MT6) која носи дополнително роденденско изненадување!“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер во Еуроимпекс и додаде:

Corsa е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен “detox”, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Corsa доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска “Opel Vizor” ја интегрира најдобрата Intelli-lux Matrix технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Opel Corsa навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година e меѓу водечките модели во B-сегментот.“

Дизајнирана со прецизност. Произведена во Германија. Целосно детоксифициран дизајн, започнувајќи од препознатливиот визор во предниот дел, па сѐ до внатрешноста.... Благодарение на фасцинантниот нов Pure Panel® во кабината фокусот е свртен кон возачот. Придружете се на најдобрите. Возете го најхрабриот автомобил во својата класа. Opel Astra!

Дознај повеќе за понудата!

Осмели се да бидеш поинаков/ва. Помалку нормално, повеќе Mokka. Модерен и повеќе од смел... Стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. Динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед.

Дознај повеќе за понудата!

Посетете ги салоните на Opel или побарајте понуда On line на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-videte-cena.html а може да се обратите во Скопје Сити Мол во периодот наведен погоре, за да дознаете за што станува збор.

Герасимовски: Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно

 Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно и домаќински

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината.

Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.

„Со новинарите и медиумските работници имаме одлична соработка, нашата пракса е секојдневно да комуницираме со новинарите и сите прашања да ги одговараме во најбрзо време. Во Општина Центар работиме одговорно, транспарентно и домаќински. Во изминатите три години од мојот мандат имам потрошено нула денари за патни трошоци во странство и нула денари за угостителски услуги”, изјави Герасимовски во изјава за медиуми по завршување на брифингот.

Герасимовски посочи дека буџетските средства коишто ги има Општината во моментов истата ги немала никогаш, а тоа се должи на доброто менаџирање.

„Нашата општина е поразлична од сите други општини затоа што го слушаме ставот и мислењето на сите советници, а потоа сите проекти во Советот ги гласаме едногласно. Имаме можност граѓаните да дадат свои предлози, идеи и сугестии за подобрување на функционирањето на општината затоа што подобри услови за живот на граѓаните е нашиот приоритет”, рече Герасимовски.

Општина Центар

притисни ентер