Холивудка актерка со шокантна објава: Жртва сум на семејно насилство (ВИДЕО)

Ѕвездата на серијата ,,Supergirl” вeли дека е жртва на семејно насилство и дека поранешниот партнер ја тепал , влечел по земја за коса и и го скршил носот.

Американската актерка Мелиса Беноист (31), позната по улогата во серијалот „ Supergirl “ во која ја глуми Кару Данверс и, во средата објави на Инстаграм дека поранешниот партнер ја злоупотребил, јави Скај Њуз.

Беноист ја објави својата тажна приказна во 14-минутно видео кое е насловено „Животот не е секогаш како што изгледа“, но не го именуваше насилникот.

Актерката, која од септември годинава е во брак со својот колега од Supergirl , актерот Крис Вуд изјави дека нејзиниот поранешен партнер бил дарежлив и шармантен човек. "Тој беше полн со хумор, манипулативен и предавнички. Беше помлад од мене, но очигледно зрел. По некое време, не ме интересираше. Јас бев надвор од врската и го барав својот пат во животот", раскажа Беноист.

Актерката изјави дека злоупотребата во почетокот била емотивна и дури подоцна станала физичка. Беноист изјави дека нејзиниот партнер ја контролирал во толкава мерка што и кажувал како да се облекува и дека ја присилувал да ја смени облеката пред излезе од дома. Таа додаде дека тоа влијаело на нејзината кариера затоа што ги одбивала улогите затоа што нејзиниот партнер бил љубоморен на актерите со кои работела.

Беноист раскажува дека со месеци трпела физичка злоупотреба.

„Ужасна вистина е што научив што значи кога некој ве удира по подот и постојано ви удара шлаканици, кога ве погодува толку силно што ви го избива воздухот од градите, кога ве влече по тротоарот за коса, кога ве удира по главата, кога ве удира толку силно што мислиш дека ти пука кожата, кога те гуши и кога толку силно те турка во ѕидот што пука малтерот , брзо научив дека не треба да се заклучувам во просторијата затоа што вратата ќе се сруши. Научив да не го ценам својот имот , да не се ценам себеси “, рече актерката.

Беноист изјави дека насилникот еднаш га погодил со мобилен телефон во главата. Овој напад резултираше со скршен нос и тешка повреда на окото.

"Од ударот ми беше повреден ирисот, скоро ми го прободе окото и ми го скрши носот. Областа околу левото око се зголеми до тој степен што ми го затвори окото. Усната ми беше отечена. Мојот вид никогаш нема да се подобри заради тоа". додаде таа.

Актерката вели дека нејзиниот партнер започнал да ја злоставува после пет месеци во врска и дека се започнало кога еднаш и фрлил сок во лицето.

"Процесот на заздравување ме донесе до овој момент и се чувствувам доволно силно да зборувам јавно за моето искуство . Искрено и без срам. Се надевам дека со мојата приказна ќе ги мотивирам другите да бараат помош и да ги напуштат насилните партнери. Никој не го заслужува тоа", објасни таа. „Преживеав семејно насилство. Никогаш не помислив дека ќе го изговорам ова“.

Јанчев: Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски

Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

По повод 33 години од смртта на првата жртва во бившата ЈНА, војникот Сашко Гешовски првите луѓе на Кавадарци го реализираа ветеното.

Биелса во репрезентацијата на Уругвај повика играч од аматерската лига

 Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига, објави „TNT Sports“.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

На баровите, рестораните и канцелариите во Велика Британија ќе им биде забрането да назначуваат нови простории како родово неутрални тоалети, според измените на законот што ќе стапат во сила подоцна оваа година.

Британските министри рекоа дека измените на законот ќе ја зголемат „безбедноста, приватноста и достоинството“ на жените.

Врз основа на тие измени на законот, новите јавни и деловни згради ќе мора да имаат посебни машки и женски тоалети, пишува Тајмс.

Според тие одредби, оние кои не можат да го обезбедат тоа ќе мора да имаат просторија што вклучува тоалет, мијалник и фен за раце зад врата што може да се заклучува.

Министрите рекоа дека одлуката ќе стави крај на зголемувањето на бројот на таканаречените „родово неутрални“ тоалети кои оневозможуваат приватност.

Измените на законот, сепак, беа критикувани од активисти за правата на ЛГБТК, кои предупредија дека тоа дополнително ќе ги маргинализира трансродовите лица.

Британската влада првпат ги предложи измените на законот минатата година, и покрај силната кампања на противниците на измените кои рекоа дека трансродовите жени ќе бидат изложени на ризик за нивната безбедност со тоа што ќе мора да користат машки тоалети.

Анкетата на YouGov претходно оваа година покажа дека 48 отсто од луѓето се чувствуваат непријатно кога користат родово неутрални тоалети, вклучително и 57 отсто жени.

притисни ентер