Хамилтон на тронот во Силверстон

Големиот светски шампион во Формула 1 , трофејниот Луис Хамилтон се врати на тронот во Силверстон .

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Британија.

За Хамилтон ова е првиот триумф во Ф1 по пауза од цели три години, последен пат славеше на трката во Саудиска Арабија во 2021 година, поточно пред 945 дена.

За седумкратниот светски шампион ова е 104-та победа во кариерата.

Хамилтон со денешниот триумф стана возач со најмногу победи на една трка, бидејќи победи по деветти пат на една трка, а со тоа го престигна Михаел Шумахер кој победи осум пати во Силверстон.

Актуелниот светски шампион од Ред бул , Макс Верстапен британското гран при го заврши на второто место, додека Ландо Норис беше трет.

Видео- фото: Карлеуша како секси Баба Мразица на новогодишниот настап

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ја дочека Новата година на градскиот плоштад во Крагуевац.

Провокативната Карлеуша како вистинска секси Баба Мразица околу 23 часот се појавила на сцената и веднаш ја „запали“ атмосферата во студената јновогодишна ноќ.

Мегапопуларната Карла на сцената се појавила во црвен латекс костим на жешкиот Дедо Мраз.

Отворен скијачкиот центар „Михајлово“

Зимски центар каков што заслужува Тиквешијата. Официјално пуштен е во употреба скијачкиот центар „Михајлово“, на околу 35 километри оддалечен од Кавадарци во густите предели на Кожув.

Отворањето на центарот и официјалното пуштање во употреба на скијачката патека „Македонија“ го привлече вниманието на љубителите на снежните спортови. Од деца со санки и скии, до поискусни скијачи, но и луѓе кои решиле својот прв ден од новата година да го поминат на прекрасното планинско сонце.

На отворањето на центарот, покрај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и членови на општинскиот совет, присуствуваа и премиерот Мицкоски, и министрите Тошковски и Димитриоска Кочоска.

Овој центар ќе привлече туристи од околината и дополнително ќе го развие туризмот во овој крај од земјава, сметаат Јанчев и Мицкоски.

Официјалното користење на стазата „Македонија“ пак го најави Дедо Мраз кој со моторна санка се спушти по патеката. Потоа свечено беше пресечена лента, а на крај следеше пробното скијање.

Дел од присутните задоволни што во овој крај ќе имаат ски центар. Велат, „Михајлово“ ќе биде идеално место за викенд-прошетка.

На настанот, беа доделени и плакети за општествено-одговорните компании кои помогнале за пуштање во употреба на центарот.

Во штипската Клиничка болница женско бебе во новата година

 Андреја е првото новороденче кое се роди во штипската Клиничка болница. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на болницата, Владко Захариев, денеска ги посетија Андреја и нејзината мајка.

Раководителката на Одделението на гиникологија и акушерство при Клиничка болница -Штип, Станка Јаневска - Велкова истакна дека бебето има три килограми и 550 грама и 49 сантиметри.

- Се роди неколку сеукнди само по полноќ и сме многу среќни сите заедно со Андреја. Да е жива и здрава, голема да расте, рече Јаневска - Велкова.

Таа истакна дека минатата година ја имаат завршено со 418 раѓања, а бројката е намалена како во сите други родилишта. Желба ѝ е на родилките да им се врати довербата во државните родилишта.

Штипскиот градоначалник посака оваа година да има многу новороденчиња, кои ќе означуваат нова надеж, нов живот и напредок во општина Штип.

- На нашите сограѓани им посакувам успешна, среќна и бериќетна нова година. Во оваа година да имаме многу развој во нашиот град. Нека малата Андреја биде поттик за напредок и бериќетна 2025 година, изјави Јорданов.

Директорот на Клиничка болница - Штип, Захариев порача оваа година да биде со повеќе рожби, а граѓаните да имаат помалку нервози.

За лекарите и медицинскиот персонал, новогодишната ноќ поминала вообичаено, без случаи со алкохолизирани граѓани, а имале интервенции на повредени лица во сообраќајни несреќи со полесни повреди.

Инаку, подобрени и посовремени услови има за родилките и нивните новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство каде има и два нови апартмана, а по Божиќ ќе се реновира и тоалетот. Годинава, се очекува доекипирање и на лекарскиот кадар, со враќање на две лекарки од породилно боледување и со нови лекари - специјализанти, за кои постои најава за вработување од Министерството за здравство.

притисни ентер