Хајден Кристенсен е воодушевен поради враќањето во улогата на Анакин Скајвокер

Многу обожаватели се воодушевија откако Анакин Скајвокер се појави во петтата епизода од Ахсока.

Избраниот го играше Хајден Кристенсен, кој го играше и во трите продолженија на „Војна на ѕвездите“. Неговата улога во тоа време не беше добро прифатена и често беше критикуван за неговата глума. Меѓутоа, како што минуваа годините, обожавателите ги засакаа продолженијата, а особено Кристенсен.

Тие со години бараа негово враќање и конечно го добија во серијата Оби-Ван Кеноби. Хејден не застана тука, тој се појави и во неодамнешната петта епизода од серијата Ахсока.

Актерот се чувствува благодарен за можноста да го репризира ликот што му донесе слава по речиси 20 години.

„Кога го добив повикот да разговарам за проектот Ахсока, бев во екстаза. Облекувајќи го костимот на Анакин и облеката на џедај, тоа секој пат ви го разбудува умот. Се чувствувам многу благодарен“, рече Кристенсен.

Фановите на „Војна на ѕвездите“ веќе ги прекопаа сите трејлери на Ахсока и открија дека Хејден може да се појави во втората епизода. Очигледно, во еден од трејлерите има дијалог што Анакин не го кажа во петтата епизода, па многумина заклучија дека тој повторно ќе се појави.

Не само тоа, туку многу фанови бараат актерот да добие своја серија во која глуми Дарт Вејдер. И тоа не го сакаат само тие, туку канадскиот актер истото го кажа и во текот на 2022 година, велејќи дека би било неверојатно да се направи нешто повеќе со него.

Тоа би можело да му се оствари бидејќи Холивуд сака камбекови. Ова беше докажано неодамна со актерите како Брендан Фрејзер и Кеи Хју Кван кои освоија златни статуетки на последните награди на Оскар. Не се само тие, тука е и Ендрју Гарфилд, кој многумина го засакаа откако повторно се појави како Спајдермен во „Спајдермен: Пат без враќање“.

Наредната недела се очекува да се реши проблемот со дијабетичарите

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека пет илјади глукомери пристигнале, а наредната недела треба да пристигнат уште 17 илјади, со што би се ставил крај на проблемот со апарати и ленти за мерење на шеќерот во крвта.... 

Министерот за здравство Фатмир Меџити решение за проблемот со ленти за мерење шеќер и апарати го гледа во воведување на референтни цени во аптеките и секој корисник до одредена цена може да земе ленти и апарат.

„И дијабетичарите бараат дека најдобро е да биде со референтни цени. Што подразбира тоа? За да појасниме тоа значи дека кога пациенти ќе оди во аптека и ќе има една квота сума на финансиски средства до каде ќе го покрива ФЗОМ на тоа кој сака каков бренд ќе сака таков ќе земе. Знаете дека еден тендер за дијабетичарите е две години и ние некои припреми законски да направиме. Последниот тендер трае околу година ипол и по две години нема да има доцнење на тендери“, вели Меџити.

По реакцијата од здруженијата на луѓето со дијабет дека немало за сите корисници ленти и апарати, а тие што ги добиле биле спакувани во ќеси без декларации министерот објснува и гарантира дека се до добар квалитет, а воедно ги замолиле дистрибутерите да ставаат декларции. Во Октомври сите дијабетичари ќе ги имаат и лентите и мерачите на шеќер, вели Меџити.

„Стигнаа пет илјади апарати, а наредна недела ќе има уште 17 илјади“ вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Комисијата за заштита од дискриминација ќе утврдува дали државата ги диксриминирала пациентите со дијабетес, затоа што 9 месеци ги остави без ленти и глукомери. Претставката од дијабетичарите е веќе примена и најдоцна за два месеци Комисијата ќе треба да одлучи дали е извршена дискриминација на повеќе од 40.000 граѓани мораа сами да се снаоѓаат и од сопствен џеб да купуваат ленти и апарати помагала за да ја контролираат болеста.

Во Катланово одбележана 75-годишнина од егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Преспанскиот договор очекувано донесе нов ветер во односите меѓу Македонија и Грција, но траумите од минатато се уште тешко заздравуваат.. 

Од Грција, преку Битола и Војводина, до Скопје. Тешки пет години од своето детство доживеал Епидиј Бојаров при протерувањето на македонското население од егејскиот дел на Македонија во време на граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

Денес, 75 години од тој немил настан, се одржа помен во Катланово за загинатите борци од Демократската армија на Грција. И после толку години, траорните сеќавања на Бојаров се уште се свежи. Такво нешто, вели тој, тешко е да се опише со зборови.

Роден во Кајлари, бил принуден дел од тинејџерските години да ги помине по различни прифатилишта, далеку од родната грутка и своите родители.

„Ние од 1944 година бевме префрлени во Југославија. Не преселија од Битола во Сомбор. Гаково, од Гаково назад во Македонија и најпосле бевме во Стајковци. И во 1949 година бевме префрлени во Маџари. Тоа време не се опишува. Не може никој да го опише какво беше тоа време.

Tокму Катлановската бања била една од болниците каде биле згрижени повеќе од 6.000 борци. Половина од нив биле оперирани, додека пак над 200 лица им подлегнале на тешките повреди.

Дека споменот за децата бегалци живее се горди и дел од здруженијата на децата бегалци. Тие веруваат дека споменот ќе продолжи да живее и во иднина.

„По потпишувањето на Преспанскиот договор, стравувавме дека активностите на егејските здруженија во Македонија ќе замрат, и дека државните власти нема да пружат поддршка во организирањето на нови средби. Меѓутоа, демантот дојде следните години. Сега знаеме дека по природното заминување на генерацијата деца-бегалци, нивното место го заземаат нивните потомци кои достоинствено ја продолжуваат традицијата на своите родители и дедовци“

Околу 22.000 македонски деца биле прогонети од егејскиот дел на Македонија и префрлени во Албанија и тогашна Југославија, при што биле распоредени во собирни центри во Романија, Унгарија, тогашна Чехословачка и Полска.

Од емигрант во САД до лидер на Сириза: Каселакис е новата ѕвезда во грчката политика

Преспанскиот договор ѝ пресуди и на политичката кариера на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој брзо потоа ја изгуби власта, а годинава доживеа уште еден тежок изборен пораз по кој си поднесе оставка и од лидерската позиција во Сириза.. 

Стефанос Каселакис е новото име на грчката политика. Синоокиот 35 годишен претпремач по потекло од Атина, кој голем дел од својот живот го поминал во САД го замени Алексис Ципрас на лидерската позиција во СИРИЗА. Неговото име се појави речиси во последен момент и на само еден месец пред внатрепартиските избори. Каселакис кој е инаку и отворено геј, водеше целосно поинаква кампања од неговите против-кандидати, пред се, преку инстаграм и тик ток, со која преку ноќ стана нова ѕведа на грчката политичка сцена. Медиумската возбуда за него отиде до таму што на телевизиски гостувања, покрај неговиот долгогодишен партнер со кого живее во граѓанско партнерство, беа канети негови роднини, вклучително и жена која лажно тврдела дека е неговата баба. Феноменот како што дел од медиумите го нарекоа, успеа да триумфира над поранешната министерка Ефи Ахчиоглу која важеше за апсолутен фаворит.

Една од темите во кампањата беше и Преспанскиот договор, кој го постигна токму Ципрас, а цената ја платија со губење на власта... За ова прашање, Каселакис објави и видео од грчката страна на Дојранското езеро, оценувајќи дека бил нужен компримис бидејќи Грција ја губеле битката во светската јавност...

„Преку езерото е една соседна држава која сега се нарекува С. Македонија. Тоа е сензитивна тема. Сфатив дека за жал ја имаме загубено оваа битка, и како што годините изминуваа, а јас ги корегирав моите американски пријатели кои, по грешка, велеа дека Александар Велики не е од Грција, туку од Македонија, сфатив дека како што велат на англиски „перцепцијата е реалност“ е вистина тука. Дека не е важно каква е реалноста, туку што другата личност мисли за таа реалност. “

Во обраќањето Каселакис упати заборави да упати и критики кон актуелниот грчки премиер Мицокатис кого го обвини дека си го погазил зборот, бидејќи иако пред изборите ветувал, сепак не го поништил Преспанскиот договор. На договорот пак, Касеалакис вели гледа како решение кое според него има голема корист за идните генерации.

„Кога ќе загубите како држава, морате да барате решенија. Решенија кои оставаат нешто добро за идните генерации, за иднината на нашата земја. Во тој поглед, фактот што владата на Сириза презема храбра иницијатива за да го реши ова прашање е акт на храброст и според мене, тоа е акт на патриотизам. Успеавме да добиеме признание дека Александар Велики е Грк, да добиеме признание дека Македонија не припаѓа на ФИРОМ. “

Каселакис сега се соочува со серија на предизвици, пред се во самата Сириза. Мора да ја реформира партијата која летово претрпе убедлив пораз на парламентарните избори и да избегне можни поделби. Дополнително, тука е и фактот што иако е лидер на најголемата опозициска партија тој не е пратеник и до следните избори во 2027 година, нема да има глас во грчкиот парламент. Неговиот претходник Ципрас според најавите од Грција би станал член на парламентарното собрание на Советот на Европа како претставник од Сириза. Коментирајќи ја оставката на Ципрас, поранешниот македонски премиер Заев го нарече негов брат до крајот на животот.

притисни ентер