Гром удри во авион, преплашените патници почувствувале мирис на изгорено

Инцидентот со авионот на ТУИ се случил во неделата, непосредно по полетувањето од бриселскиот аеродром, а неговата дестинација било одморалиштето Хургада.

Екипажот и патниците во кабината виделе блесок на небото и слушнале силен тресок, пишува Дејли мејл.

Недолго потоа, патниците пријавиле на персоналот дека почувствувале мирис на изгорено.

„По ударот и блицот почувствувавме непријатен мирис. Беше вистински шок“, рече еден човек на летот на 22 декември.

Капетанот одлучил да се врати на аеродромот во Брисел - како мерка на претпазливост, иако подоцна било објавено дека тоа не било потребно.

Патниците биле префрлени во хотели, а ден подоцна биле качени на нов лет, соопшти компанијата ТУИ.

Пилотот Даг Морис, кој ја напиша книгата This Is Your Captain Speaking, објасни дека ударите од гром не се непријатност за авионите и се вообичаена појава.

„Статистиката покажува дека авион е погоден од гром на секои 5.000 часа, или околу еднаш годишно. Федералната управа за авијација проценува дека секој авион во САД ќе биде погоден еднаш годишно“, откри тој претходно.

Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка

 Утрово е најстудено во Крушево, -3 степени, а најмногу врнежи изминатите 24 часа се регистрирани во Тетово, осум литри на метар квадратен. Најмногу снег, пак, има на Попова Шапка, 68 сантиметри, информира УХМР.

До 08:30 часот се измерени 0 степени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, како и 6 во Струмица и Гевгелија.

Според УХМР, наврнале 7 литри на метар квадратен во Демир Капија, 6 во Скопје-Петровец и Битола, 4 во Крива Паланка, Прилеп, Дебар и Крушево, 3 во Претор и 1 литар на единица површина во Берово.

Во Маврови Анови висината на снежната покривка е 60 сантиметри, во Крушево 25, во Тетово 7 и во Гостивар 4.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад

 Националниот јапонски авиопревозник,Џапан ерлајнс, соопшти за кибер напад што може да влијае на домашните и на меѓународните летови.

„Денеска во 07:24 (локално време) мрежната опрема што ги поврзува нашите внатрешни и надворешни системи беше подложена на кибер напад што предизвика проблеми. Се очекува тоа да влијае врз внатрешните и меѓународните летови“.

Авиокомпанијата додаде дека ја суспендирала продажбата на билети за денешни летови.

Другиот голем јапонски авиопревозник, Ол Нипон ервејз (All Nippon Airways) соопшти дека неговите системи не покажале знаци на напади.

Претходно оваа недела, Американ Ерлајнс ги суспендираше сите летови на околу еден час поради технички дефект поврзан со неговиот мрежен хардвер.

Мбапе му вети на Перез дека ќе ги подобри резултатите

Пред неколку недели се одржа средба меѓу напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и претседателот на клубот Флорентино Перез.

Како што објави „Marca“, на состанокот, фудбалерот му ветил на Перез дека ќе ја промени ситуацијата. Тој го увери претседателот на клубот дека ќе ги подобри резултатите и ќе почне да постигнува повеќе голови, вклучително и одлучувачки.

Мбапе претходно изјави дека Реал нема да жали што го ангажирале.

Францускиот фудбалер се пресели во Реал Мадрид во летото 2024 година како слободен играч. Претходно играше за ПСЖ.

Оваа сезона 26-годишниот Мбапе забележа 23 настапи за шпанскиот тим во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и три асистенции.

притисни ентер