Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен

Ема Радукану е елиминирана од Австралија опен. Поранешната шампионка на УС опен загуби денес во второто коло од кинеската тенисерка Јафан Ванг со 6:4, 4:6, 6:4.

Британката која се прослави со освојувањето на титулата во Њујорк како квалификантка, се врати на теренот по подолга пауза. Но, во второто коло на турнирот во Мелбурн загуби од 94. тенисерка во светот.

Ванг славеше по речиси три часа игра, го постигна најдобриот резултат на Грен слемовите во кариерата. Таа го диктираше ритамот на игра, а мечот го заврши со 42 „винери“ и 32 неизнудени грешки. Од друга страна, Радукана имаше 45 директни поени и 57 неизнудени грешки во поле.

Следна ривалка на Ванг ќе биде нејзината сонародничка Кинвен Женг.

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година.

Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката. 

По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.

Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.

Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв.

Потпретседателите се без исклучок случи на Заев. Поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција.

Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слот: Мбапе и Салах ни покажаа дека и тие се обични луѓе

 Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по синоќешната победа над Реал Мадрид (2:0) се осврна на  промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.

Мбапе во 61.минута пропушти шанса да му донесе изедначување на Реал, додека Салах во 70.минута не го зголеми водството на домаќините.

- Денес и двајцата ни покажаа дека и тие се исти луѓе како сите нас. Во случајот со Мбапе, Келехер беше неверојатен. Тој направи нешто несекојдневно за нас, како и нашиот друг голман (Алисон), кој не е ништо помалку величествен, изјави Слот за сајтот на УЕФА.

Ливерпул има пет победи на исто толку натпревари и води во поредокот на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид е на 24. место со шест бода.

притисни ентер