Град Скопје со интензивни градежни активности за викендот

Од Градот информираат дека во завршна фаза е и изградбата на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, а на овој потег, во тек е финалното асфалтирање и наскоро Скопје ќе го добие првиот булевар што ќе излегува на обикилница.

Град Скопје викендов реализира интензивни градежни активности за реконструкција и проширување на фреквентните градски улици и булевари, на инфраструктурата во комплексот на Клинички центар, а се работи и на изградбата на новиот булевар во Бутел, мостот на Вардар во Аеродром и кружниот тек во Чаир.

– Со засилено темпо и ноќно работење се реконструира и проширува булеварот Никола Карев (Пластичарска) и овој капитален проект е во завршна фаза од реализација. Викендов се врши финално асфалтирање на оваа прометна сообраќајница на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден", на вкупна должина од 1.440 метри, соопшти Град Скопје.

Од Градот информираат дека во завршна фаза е и изградбата на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, а на овој потег, во тек е финалното асфалтирање и наскоро Скопје ќе го добие првиот булевар што ќе излегува на обикилница.

– Екипите на Град Скопје викендов интензивно работат и на втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а во тек е и изградбата на кружниот тек во Чаир, меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општина Чаир, се додава во соопштението.

Властите информираат дека Град Скопје продолжува да го помага Клинички центар, каде што по целосната реконструкција на сервисната улица на влезот на Клинички центар, викендов се работи на завршување на новата пристапна улица до Инфективна клиника. После повеќе од 50 години, целосно се обновува инфраструктурата во комплексот на Клинички центар.

Градежните активности продолжуваат и на булеварот АСНОМ, каде се гради нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Град Скопје во наредниот период ќе продолжи со интензивни градежни активности за реконструкција и изградба на нови улици во Скопје, се наведува во соопштението./МИА

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров.

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води.

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

притисни ентер