Горештината ги намалуваат умствените способности

 Превисоките високи температури на воздухот, регистрирани во одредени делови од светот, не само што предизвикуваат болести поврзани со жештината, туку и го оштетуваат мозокот.

Долготрајната изложеност на топлина може да доведе до топлотен удар, што има последици и по физичкото, и за психичкото здравје. Стручен напис во списанието „Лансет неврологија“ (The Lancet Neurology) нагласува дека преголемата температура ја предизвикува способноста на телото да ја регулира топлината и така ги нарушува функциите на нервниот систем. Во таа смисла, како што велат научниците, се очекува климатските промени во иднина да ја влошат невролошката и психијатриска состојба, на пр., со Алцхајмеровата болест и шизофренијата.

Истражувањата покажуваат дека на 26 Целзиусови степени човековите когнитивни способности почнуваат да опаѓаат. Некои експерти, имено, веруваат дека повисоките температури може да ја намалат активноста на парасимпатичниот нервен систем и нивото на кислород во крвта, што доведува до намалени умствени способности.

Човековиот нервен систем работи како „мрежа од електрични кабли“, а топлината „влијае на електричната спроводливост“, објаснува д-р Кимон Бекелис од САД. Тој ја истакнува важноста од следење на психичкото здравје за време на топлотните бранови, бидејќи токму тогаш депресијата и анксиозноста може да се влошат.

Препораките, пак, гласат: За време на горештините, клучно е да се остане на климатизирани места и самото тело да биде хидрирано. За оние кои имаат проблеми со регулирање на топлината, елеците за ладење можат да помогнат во намалувањето на телесната температура.

Јун Ву, професор по Животна средина, здравје и работа на Универзитетот на Калифорнија-Ирвин, во овој контекст ја истакна потребата од садење повеќе дрвја, бојадисување на покривите од куќите и патиштата во посветли бои коишто ја впиваат сончевата енергија и спроведување зелено планирање за намалување на топлината и прочистување на воздухот. /МИА

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина се уште не ја поднеле

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40 509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21 479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.

- УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок, се наведува во соопштнието од УЈП.

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија

Советот на Европска Унија соопшти дека ги продолжува економските санкции против Русија воведени поради војната во Украина до 31 јануари 2025 година.

Санкциите првично беа воведени пред 10 години и беа продолжени во 2022 година.

- Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, производството, превозот и луксузните артикли. Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или претовар на море на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување од меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT) на неколку руски банки и суспензија на емитувањето и лиценците на неколку про-Кремљ канали за дезинформација.

Советот додава дека санкциите треба да се задржат и доколку е потребно да се прошират сè додека продолжат незаконските дејствија на Русија.

Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба,.

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

притисни ентер