Во последниве години, претсезонските тестирања беа составени на само три дена пред првиот круг, користејќи ја истата патека када е и воведната трка.
Но, новите правила за аеродинамиката и погонските единици значително ќе ги променат болидите за сезоната 2026 година, така што ќе бидат потребни повеќе тестирања. ФИА планира три тридневни тест сесии, но се уште не е прецизирано каде ќе се одржат. Во последните две години, тимовите тестираа пред почетокот на сезоната во Бахреин, а во 2022 година имаше тест и во Барселона, бидејќи тогаш стапија на сила последните големи промени на техничките правила.
ФИА потврди дека аеродинамиката на Формула 1 болидите ќе продолжи да се развива, а тоа важи и за нивните перформанси на патеката, а финансиските ограничувања на кои се подложени тимовите во светскиот шампионат ќе бидат „еволуција на сегашните рамковни правила“.
Се очекува сите промени да бидат претставени пред Светскиот совет за моторспорт на ФИА на 17 октомври.