Ѓорги Христов назначен за технички директор во ФФМ

Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец, со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија , Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ. 

Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)...ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата. Ѓорѓи Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.

Ѓорѓи Христов - технички директор во ФФМ:

- “Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска.

Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.

Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите.

Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа.

Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа.

Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резутат во иднина. Во тоа сум сигурен”.

Данската премиерка: Направив резерви со конзервирана храна поради страв од напад

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека три дена складирала конзервирана храна и други основни работи поради страв од руски напади.

„Ги следам препораките на властите и верувам дека Данците треба да го сторат истото... Исклучително е важно да се држиме заедно“, изјави Фредериксен за dr.dk.

Според неа, потребно е да се складира не затоа што се очекува напад врз Данска, туку наводно поради ризик од сајбер или хибриден напад.

Фредериксен нагласи дека поголема одговорност за безбедноста на Данска мора да се преземе во текот на 2025 година.

Оваа година, данската агенција за управување со вонредни состојби ги советуваше Данците како да се подготват за кризни ситуации и препорача секој жител на Данска да се снабди со три литри вода дневно, храна за три дена, комплет за прва помош со лекови, лични хигиенски производи и топла облека, пренослив полнач, фенерче, готовина, свеќи, кибритчиња и радио приемник.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека Русија нема да ги нападне земјите на НАТО. Путин истакна дека западните политичари редовно го заплашуваат своето население со наводната руска закана за да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми.

Со хеликоптер е пренесен тешко повредениот скијач од патеката во Бормио- излета од патеката

Страшни сцени се случија денеска во Италија, во Бормио, каде на тренинг францускиот скијач и ѕвезда Сипријано Саразан тешко се повреди кога излетал од патеката и завршил во заштитна ограда.

На моменти се чинеше дека Сипријано е неподвижен, но добрата вест која ја пренесува Еуроспорт е дека е свесен.

Но, поради природата на повредите тој морал итно со хеликоптер да биде пренесен во болница, а на социјалните мрежи се појавија видеа од самиот чин на извлекување на францускиот скијач од патеките во Бормио.

Сипријано изгуби контрола по еден скок, а Француската скијачка федерација најави дека во болницата ќе бидат извршени дополнителни контроли.

Претходно беше познато дека Бормио ја има една од најнеизвесните патеки на целото Светско првенство и несреќите не се ретки. Тука ќе се одржуваат и трки на Олимписките игри во 2026 година.

- Патеката е многу ледена и е голем предизвик ако ја споредиме со Вал Гардена (каде се одржа претходната трка), а сите знаеме какви опасности демнат - изјави за Еуроспорт швајцарскиот скијач Застан Мауриције.

Татко и син загинаа на скијање на австриските Алпи- ги затрупала лавина

Драматична ситуација се случи на австриските Алпи, во Цилертал, кога татко и 22-годишен син трагично ги загубија животите на скијање.

Таткото (51) бил на зимски одмор во Австрија со двата сина на возраст од 19 и 22 години и нивниот пријател (19). Групата се спуштала од врвот на околу 2.576 метри околу 12 часот кога биле затрупани од снежна лавина.

Пријателот и помалиот брат некако успеале да ја избегнат оваа елементарна непогода, додека таткото и постариот син биле затрупани. Подоцна било откриено дека тие починале.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина, веднаш повикал брза помош. Полицијата и спасувачките хеликоптери, како и планинските спасувачи од Мајрхофен, Тукс и Зел ам Цилер патролирале во областа со кучиња трагачи.

„Првично не можеа да воспостават сигнал за потрага по жртви под лавината“, соопштија од контролниот центар, пренесува Билд.

По еден час потрага спасувачите го откриле телото на синот на длабочина од два метри. Малку подоцна, на околу 20 минути, спасувачите го нашле таткото затрупан под три метри снег. Мерките за реанимација биле неуспешни.

Во Цилертал на Алпите, по снежните врнежи во последните неколку дена, нивото на предупредување за лавина е 3, на височина од 2.200 метри. Во областа каде што се нашла групата можни се спонтани лавини што ја прави ситуацијата доста непредвидлива.

притисни ентер