Ѓоковиќ опериран - настапот на Вимблдон откажан!

Најтрофејниот светски тенисер  во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ  утрово на клиника во Париз е успешно опериран. 

Новак се повреди на осминафиналниот меч против Франциско Серундоло на Ролан Гарос кога по едно лизгање страдаше менискусот на десното колено, поради што не можеше да продолжи со учеството турнирот во Париз.

Неговиот тим по денот одмор од напорниот меч и добиените резулати од магнетна резонанца одлучи Ноле да оди на хируршка процедура, што се случи утрово во Париз, пренесува „Газета“.

Се очекува Ѓоковиќ да има пауза од три недели, што практично значи дека најтрофејниот светски тенисер нема да настапи ниту на Грен слемот во Вимбодон, неговиот најомилен турнир.

Дали легендарниот тенисер ќе игра на Олимпијадата зависи од неговото опоравување.

Шансата да се најде на претстојните Игри во Париз е и причината поради која Новак реши веднаш да реагира да оди на операција и на тој начин да ја задржи и најмалата шанса за настап на Игрите во Париз и освојување на златниот медал што му недостасува.

Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули.

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,029 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,737 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто.

Винисиус се повреди, три недели ќе биде надвор од терените

Реал Мадрид денес соопшти дека е повреден напаѓачот на тимот Винисиус Жуниор.

-По тестовите извршени од медицинските служби на Реал Мадрид, на Винисиус му беше дијагностицирана повреда на бутен мускул на левата нога, се вели во соопштението на „Кралскиот клуб“.

Според пишувањата на медиумите, фудбалерот ќе пропушти три недели. Така, 24-годишниот фудбалер нема да може да игра на 27 ноември против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Вчера Реал го победи Леганес (3:0) на гостински терен во 14. коло од Ла Лига. Винисиус го одигра целиот натпревар и беше творец на една асистенција.

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината.

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

Ситуацијата се смири по десетина минути, кога меѓу конфротираните страни се симна претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ и ги упати пратениците од владејачката коалиција на нивните фотелји.

Во исто време дојде до физички конфликт во галеријата на собарниската седница каде што пратениците на СНС го развија транспарентот „Жолтите крадци (ДС) сакаат војна, Србија сака работа“.

И пред говорницата продолжи туркањето и физичкиот контакт меѓу претставниците на власта и опозицијата, како и на некои министри. Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Движењето на социјалистите (Вулин) и претседателот на ССП, Драган Ѓилас. За време на инцидентот во собранието се слушааа вувузели и свирежи.

После тоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт.

По смирување на ситуацијата, пратениците од опозицијата го попречуваа презентирањето на предлог-буџетот на српскиот премиер Милош Вучевиќ на говорницата, кон која пријдоа неколку пратеници кои свиркаа и носеа транспаренти на кои пишуваше „рацете ти се крвави“.

Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, по инцидентите одреди пауза и ги повика пратеничките групи на консултации.

притисни ентер