Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.

По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето в среда ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој синоќа беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3-1.

„Изминатите неколку недели чувствувам непријатност во десното колено, но немаше проблем до денешниот меч во вториот сет кога се лизнав и почувствував болка. Побарав помош од докторот, тоа ме вознемири во играта. Не бев сигурен дали да продолжам, побарав лекови, но беше потребно 30-45 минути за да делуваат, па го поминав петтиот сет без болка. Во вторник ќе имаме нов преглед, добро е што имаме ден за одмор, а не знам што ќе биде и дали ќе бидам на теренот“, изјави Ѓоковиќ на синоќешната прес – конференција.

Физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата во српското собрание

Денешната расправа на пратениците во собранието на Србија наменета за предлог-буџетот за 2025 година прерасна во општ хаос и физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Хаосот во српскиот парламент настана во моментот кога министрите од владата на Србија влегоа во салата.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Потоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт, а седницата извесно време беше прекината.

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност

До јануари биде подготвен нацрт законот за сајбер безбедност, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред почетокот на средбата на работната група за подготовка на овој закон.

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

Ердоган и Руте разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Анкара разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

„За време на состанокот разговаравме што може да се направи за да се стави крај на украинско-руската војна, а се разговараше и за масакрот во Палестина“, соопшти турското претседателство на платформата X.

Руте и Ердоган одржаа и заедничка прес-конференција./МИА

притисни ентер