Гир: Македонија да го искористи позитивниот моментум

Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат.

Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат, порача денеска од Виница евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарски прашања, дали резултатите од евроизборите ќе влијаат на процесот на проширување на ЕУ.

-Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.

Единствената работа којашто можам да додадам, нагласи тој, дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат.

На евроизборите во јуни годинава победија партиите од десничарскиот спектар, што доведе до распишување предвремени парламентарни избори во Франција. И покрај зајакнувањето на десницата, Европската народна партија (ЕПП), предводена на изборите од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, останува најсилната фракција во новиот состав на Европскиот парламент со 189 пратенички места. Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а зелените 53 места.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер