Германија прв полуфиналист на олимпискиот кошаркарски турнир

Репрезентацијата на Германија ќе игра во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз, откако денес ја совлада селекцијата на Грција со 76:63.

Франц Вагнер со 18 поени беше најефикасен во победничкиот состав, во поразениот тим се истакна Јанис Адетокунбо со 22 поена.

Противник на Германците во полуфиналната фаза ќе биде поуспешниот од дуелот Франција – Канада.

Другите две четвртфинални двојки се:

Србија – Австралија и

Бразил – САД.

ФИДЕ додели златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“

На конгресот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементација на шахот во образованието за време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта беше доделена Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“.

Наградата на ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски е врачена од светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд.

Ова е највисокото глобално признание од ФИДЕ за имплементирање на шах во училишната програма.

ПСУ „Јахја Кемал“ доби највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Златн ПСУ „Јахја Кемал“ го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан.

Шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

Герасимовски: Во соработка со МВР расчистена е депонија во Буњаковец

Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец

По налог на Општина Центар, расчистен е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен отпад, е исчистена и оградена со лимени табли за да се спречи повторно влегување на овие лица. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Жителите му се пожалија дека стравуваат за личната безбедност, но и за своето здравје поради ситуацијата во соседниот објект, кој е потенцијален извор на зарази.

„Инспекторите на Општина Центар и полицијата денеска одлично си ја завршија работата и мислам дека веќе нема место за загриженост. На сопствениците им наложивме да си го средат и исчистат објектот, а ние го расчистивме околниот јавен простор. Сопственикот го загради и влезот на куќата со цел да нема нови упади“, истакна Герасимовски во разговор со граѓаните.

Градоначалникот посочи дека ваквите пропаднати и напуштени куќи, во кои се собираат бездомници и се прават мини депонии не се само грда слика во центарот на градот, туку претставуваат и вистинска опасност за сите жители во околината.

Затоа ги замолуваме сопствениците да бидат совесни, а соседите навремено да пријавуваат за да можеме да реагираме“, порача Герасимовски.

Општина Центар

Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат до неколку илјади долари

 По концертите во Минхен, Германија, каде настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите.

Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари.

На полупрописната „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари.

Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ - гласат дел од коментарите.

За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренеува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци - ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм.

Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

притисни ентер