Германија го освои златото во мешана триатлон штафета на Олимпијадата

 Германскиот тим во триатлон го освои златото во мешана штафета на Олимписките игри во Париз.

Во тимот беа Тим Хелвиг, Лиза Терч, Ласе Лурс, Лаура Линдеман. Нивното вкупно време е 1 час 25 минути 39 секунди.

Среброто го освои тимот на САД за 1:25.40 минути.

Репрезентацијата на на Велика Британија ја освои бронзата за 1:25.40.

За да се одреди носителот на среброто беше потребно да се прегледа фотофиниш.

Лестер му врачи отказ на Купер

Само пет месеци откако седна на тренерската клупа, 44-годишниот стратег Стив Купер доби отказ од раководството на премиерлигашот Лестер поради слаби резултати.

Одлуката на челниците на Лестер уследи по поразот на домашен терен од Челзи со 1-2, што беше трет пораз за Лестер во последните четири првенствени натпревари. Во овој период Лестер под водство на Купер остана непоразен само на гостувањето против Ипсвич (1-1).

Лестер во моментов е многу блиску до опасната зона за испаѓање, само еден бод над неа. Се наоѓа на 16. место и досега собра само две победи и четири нерешени на 12 натпревари.

Минатата сезона Лестер обезбеди враќање во Премиер лигата на доминантен начин преку Чемпионшип. /MИА

Турскиот амбасадор во посета на седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз

Тема на разговорите беше продлабочувањето на соработката помеѓу Турција и Бошњаците во Република Македонија

На ден 25. ноември 2024 година, амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој, оствари работна посета на седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС). При посетата, амбасадорот Улусој се сретна со претседателот на БДС, г. Мунир Колашинац, заменик-претседателот на БДС, г. Зеќир Курбардовиќ и претседателот на Бошњачкиот национален совет- Џевад Хот.

Тема на разговорите беше продлабочувањето на соработката помеѓу Турција и Бошњаците во Република Македонија, како и унапредувањето на заедничките интереси во повеќе области, вклучувајќи ги политиката, економијата и културата. Амбасадорот Улусој посочи дека Турција останува посветена на помагање во развојот на земјата, додека пак Претседателот на БДС, г. Мунир Колашинац, ја поздрави посетата и истакна дека односите меѓу Турција и Бошњаците во Република Македонија се исклучително важни за развојот на регионот, додека заменик-претседателот, г. Зеќир Курбардовиќ, ја нагласи важноста на турската поддршка за бошњачката заедница во земјата, а претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот, истакна дека континуираната поддршка на Турција е од клучно значење за зајакнување на правата на бошњачката заедница во Македонија и регионот. Оваа посета е уште еден чекор во зајакнувањето на историските и пријателските врски помеѓу двете земји и заедничкиот ангажман за стабилен и просперитетен Балкан.

Бошњачки демократски сојуз

Герасимовски: Против насилството врз жените, за безбедна средина

Општина Центар активно се вклучува во иницијативите за подигнување на свеста и спречување на насилството врз жените и девојчињата. 

По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, градоначалникот Герасимовски ја истакна важноста од давање поддршка за жртвите и превенција во справувањето со овој сериозен проблем.

- Покрај психичкото и физичкото насилство врз жените кое е секојдневно, особено загрижува растечкиот тренд на онлајн насилство. Општина Центар ќе продолжи да создава поддржувачка средина, да ги поттикнува жртвите да го пријавуваат насилството, ќе ја засили соработката со институциите и стручните служби и ќе организира активности за едукација на младите за опасностите од дигиталнaта агресија, истакна Герасимовски, посочувајќи ги последните истражувања според кои речиси 70 проценти од жените во земјава биле изложени на ваков вид вознемирување.

Општина Центар преку соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Овие услуги се обезбедуваат од страна на стручни тимови од различни области со цел да им се понуди соодветна помош и поддршка на сите на кои им е потребна.

Заедно можеме да изградиме безбедна средина за жените и девојчињата. Вашата акција е важна!

Општина Центар

притисни ентер