Гар Стјоре: Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина

Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешкиот весник „Верденс ганг“, цитирајќи го норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре на самитот на НАТО во Вашингтон.

„Способноста на Украина да се одбрани од воздушни напади е апсолутно клучна во нејзината одбранбена борба против Русија, па Норвешка одлучи да донира шест ловци Ф-16 на Украина“, рече Гар Стјоре на самитот.

Тој ја објави донацијата за прв пат кога го посети Киев минатиот август.

Како што објави весникот, Данска и подарила на Украина 19 борбени авиони, Холандија ветила 24, додека Белгија неодамна објави дека ќе донира 30 авиони.

Мал број украински пилоти моментално ја завршуваат обуката за пилоти Ф-16 во Данска. /МИА

Бонучи: Наполи го направи најдобриот избор, Конте ќе го однесе најмалку до второто место

 Поранешниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи пред почетокот на сезоната го сподели своето мислење за изгледите на Наполи со новиот тренер Антонио Конте.

- Конте ќе го заземе најмалку второто место во Серија А со Наполи По сите тешкотии што се случија минатата сезона, Наполи го направи најдобриот избор, изјави Бонучи за „Calciomercato.it“.

Конте летово го презеде Наполи.

Тимот од Неапол ќе одигра контролни натпревари на 28 јули против Егнација, 31 јули против Брест и 3 август против Џирона.

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина се уште не ја поднеле

Истекува рокот за поднесување на ДДВ пријава, повеќе од половина од даночните обврзници се уште не ја поднеле.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40 509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21 479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.

- УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок, се наведува во соопштнието од УЈП.

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија

Советот на Европска Унија соопшти дека ги продолжува економските санкции против Русија воведени поради војната во Украина до 31 јануари 2025 година.

Санкциите првично беа воведени пред 10 години и беа продолжени во 2022 година.

- Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, производството, превозот и луксузните артикли. Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или претовар на море на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување од меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT) на неколку руски банки и суспензија на емитувањето и лиценците на неколку про-Кремљ канали за дезинформација.

Советот додава дека санкциите треба да се задржат и доколку е потребно да се прошират сè додека продолжат незаконските дејствија на Русија.

притисни ентер