Галант: Израелците да останат смирени во следните денови

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска ја информира израелската јавност дека ИДФ ги интензивирала нападите врз Хезболах во Либан и дека Израелците треба да останат мирни во следните неколку дена.

-Ги продлабочуваме нападите во Либан, акциите ќе продолжат се додека не ја постигнеме целта и не ги вратиме жителите на север безбедно во нивните домови, рече Галант во видео порака објавена од неговиот кабинет, пренесоа британските медиуми, укажувајќи дека Галант очекува зголемени оган од другата страна на границата.

„Тајмс оф Израел“ денеска објави дека Галант учествува на состанокот за проценка на подготвеноста на домашниот фронт во услови на зголемени борбени операции против Хезболах во Либан.

-Во оваа нова фаза кога влеговме во војна, нашиот успех зависи и од соодветното однесување на домашниот фронт, изјави Галант.

Како што додаде, разликата меѓу успехот и неуспехот ќе зависи од „влегувањето на граѓаните во заштитени простории и други подрачја“, во согласност со упатствата што ќе ги добијат. Тоа спасува животи“, заклучи тој.

ИДФ соопшти дека рано утринава извршила десетици воздушни напади во јужен Либан и ги повика жителите на регионот итно да ги евакуираат домовите и другите објекти каде што милитантната група Хезболах складира оружје.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека ИДФ изведува „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.

Последниот бран воздушни напади уследи по напнатиот ден во кој Хезболах истрела повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.

Израел одговори со изведување на стотици воздушни напади врз цели на Хезболах./МИА

Ахмети: Преиспитување на Законот за јазиците може да предизвика длабока криза

Преиспитувањето на законот за јазиците би било враќање во минатото смета лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во пресрет на очекувата одлука на Устванито суд, тој предупредува дека на такво начин ќе се креираат длабоки кризи.

„Да не се навраќаме наназад и да гледаме како да се придвижиме напред. Да воспоставиме траен мир, а не да се трудиме да креираме длабоки кризи кои не не водат никаде и не ни помагаат.“- Али Ахмети – претседател на ДУИ

Ахмети изјавата ја даде пред денешната средба со претседателката на албанското собрание Елиса Спиропали, кој отиде чекор подалеку... во својот говор на прес конференцијата со нејзиниот колега Гаши, и надвор од вообичаената дипломатска пракаса, коментираше дека очекува одлуката на Уставен да биде согласно Охридскиот договор.

-Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет. Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.- Елиса Спиропали – претседателка на Собрание на Албанија

Законот за јазици беше изгласан во 2018 година и објавен во Службен весник без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дури потоа беше испратен до Венецијанската комисија, а во одговорот оттаму најмногу забелешки имаа за судските постапки, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски. Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, но во пракса тоа не се случи.

Неодамна претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски изјави дека поради бројните дилеми и недоверба во Законот, судиите следниот месец ќе носат уставно-правна и аргументирана одлука за овој предмет, кој е формиран уште во 2019та година по поднесени 13 иницијативи од граѓани, политички партии и здруженија.

Претходно минатава недела, Уставен ги замрза и актите за балансерот, кој, според најавите, ќе биде заменет со Закон за правична застапеност на етничките заедници.

Државното знаме се вее пред сите министерства и важни државни објекти во главниот град

По серијата прилози на Канал 5 за непоставувањето на државното знаме на  објектите на повеќе Министерства и институции, надлежните реагираат.

Согласност Законот за државни симболи, од денеска тоа се вее пред сите Министерства и поважни државни објекти. Дополнително, оштетените и парталави знамиња на повеќе објекти, што исто така е кршење на закон, сега е променети со нови.

Ова беше состојбата на зградата на Нова Македонија, каде што се сместени девет високи државни институции меѓу кои и Министерството за образование, локална самоуправа и за администрација. Сега сликата сосема поинаква. И на влезот на самиот објектот каде што местата предвидени за знамиња беа празни, повеќе не е така.

Државното знаме по повеќе години сега се наоѓа и пред објектот за Министерството за труд и социјална политика. И пред новата зграда на Министерството за транспорт и врски за прв пат е поставено македонското знаме.

Овие срамни слики од врвот на зградата на МТВ веќе се минато. Остатоците од знаме, се тргнати, а на јарболот е поставено ново знаме. Мал чекот со голема симболика.

Во близина е и зградата на Кривичниот суд. И тука јарболите повеќе не се празни. Нашето знаме е поставено.

Неверојатно беше и тоа што пред објектот на највисоката научна уставно во земјата МАНУ воопшто го немаше државниот симбол. За неколку дена од репортажата, знамето и тука е поставено...

СДСМ: Меџити призна дека власта има договор да го закочи Законот за бранители

Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители (цитираме) „да остане заглавен“.

После ова признание на Меџити многу очајно личат овие маневри на ВМРО-ДПМНЕ, наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка.

Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители. Иако има обврска согласно Деловникот.

Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.

Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?

Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.

Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер