Фустани без кои оваа есен е незамислива: 15 модели кои нема да ги соблекувате

Кога станува збор за фустаните што сакаме да ги носиме во постудениот дел од годината, многумина ќе се согласат дека плетените модели немаат конкуренција.

Плетените фустани се елегантен и удобен додаток на гардеробата. Освен што ни е топло во нив, тие со себе носат и доза на елеганција, а голем плус им е и тоа што можат да се комбинираат на различни начини и да се носат во различни пригоди.

Продавниците во својата понуда веќе имаат плетени фустани во кои многу жени ќе ја поминат есента.

Моделите што ги нудат се различни, од плисирани фустани преку класични тесни фустани до предимензионирани модели кои, кога е во прашање удобноста, се без конкуренција.

Ја погледнавме нивната понуда и избравме 15 модели за сечиј вкус во галеријата на почетокот на текстот. На вас останува да проверите дали меѓу избраните фустани се крие модел кој нема да го соблечете цела есен.

Линк од галерија: https://zadovoljna.dnevnik.hr/galerija/ponuda-pletenih-haljina-za-jesen---869537.html/62908197/869537

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија

Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ - поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија. 

Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми.

Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот „работејќи во насока на уважување и на славење на вековното светско книжевно и културно наследство“.

Конте: Наполи е далеку од големи достигнувања

 Тренерот на Наполи, Антонио Конте по вчерашната победа во 6. коло од италијанското фудбалско првенство над Монца (2:0) и искачување на лидерската позиција на табелата побара да не се создава еуфорија околу неговиот тим.

- Секогаш велам дека поради отсуството од еврокуповите имаме предност што можеме да тренираме цела недела. Сепак , но недостаток е што нашиот тим не е конкурентен како оние кои играат во европските натпреварувања. Се трудиме да работиме за да ги нахраниме соништата, бидејќи и тие можат да се остварат, но морам да ја земам предвид реалноста, а таа кажува дека сме многу далеку од високи достигнувања. Мора да работиме напорно на секој натпревар за да ги освоиме бодовите. Поминаа помалку од три месеци откако претседателот зборуваше за целосна обнова на тимот. Загубивме 14 играчи и потпишавме седум. Ги загубивме Виктор Осимен и Пјотр Зиелински. Разбирам дека од мене се очекува многу бидејќи во минатото постигнав голем успех. Како што реков, можеме да ги оставиме навивачите да сонуваат, но морам да останам реален и кажувам дека има тимови кои се пред нас поради многу причини, изјави Конте за „DAZN“.

Наполи со 13 бода се искачи на првото место во Серија А. Тимот на Антонио Конте ја продолжи серијата без пораз на шест натпревари.

Симеоне: Куртоа да биде казнет поради провокација на нашите навивачи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повика голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа да биде казнет затоа што ги провоцирал домашните навивачи на синоќешното градско дерби.

Реал и Атлетико одиграа 1:1 во натпревар од 8. коло на Ла Лига. Дербито беше во прекин десетина минута поради фрлање разни предмети кон Куртоа.

- Што се однесува до навивачите вклучени во овој инцидент, клубот ќе донесе одлука. Не ни требаат такви луѓе на трибините. Но, мора да бидат казнети и оние кои ги поттикнале. Ми се чини дека санкциите треба да важат и за оние кои провоцираат. Во спротивно, можете да правите што сакате, изјави Симеоне за „Марка“.

Инцидентот се случи во 70.минута кога кон Куртоа од трибините полетаа кеса со ѓубре и запалки.

По овој натпревар Атлетико е на третото место во поредокот со 16 бодови. Реал Мадрид е на второто место со 18 бодови, лидер е Барселона со 21 бод.

притисни ентер