Барселона врати голман од пензија, утре потпишува договор

Војчех Шчесни (34) утре ќе потпише договор според кој до крајот на сезоната ќе биде голман на Барселона, објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Да потсетиме, Полјакот летово ја заврши кариерата откако со заедничка согласност го раскина договорот со Јувентус. Сепак, Каталонците се најдоа во голем проблем по тешката повреда на првиот голман Марк-Андре Тер Штеген, за кого сезоната е завршена.

„Имам голема почит кон историјата на Барселона. Тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Ја разбирам тешката ситуација во која се наоѓаат по повредата на Тер Штеген и мислам дека ќе покажев недостаток на почит ако не ја разгледав оваа опција“, рече Шчесни за каталонскиот весник Спорт.

Според информациите на Романо, се чини дека Шчесни конечно ја прифатил Барселона, која ќе биде негов петти клуб во професионалната кариера. Претходно бранеше за Арсенал, Брентфорд, Рома и Јувентус.

Шчесни ја напуштил родната Варшава како 16-годишен и ја започнал својата професионална кариера во лондонски Арсенал. Тој забележал 181 настап за првиот тим на Топнџиите од 2009 до 2015 година во сите натпреварувања.

Следуваше двегодишна позајмица во Рома, додека од 2017 до 2024 година, во седумте сезони поминати во Јувентус, забележа 252 настапи за торинската Стара дама, со која освои три титули во италијанската лига. За полската репрезентација забележа 84 настапи.

Освои 11 клупски трофеи, беше прогласен за најдобар фудбалер на Полска во 2022 година, а за националниот тим забележа 84 настапи.

Мајка си ја застрелала ќерката, па со рана во вратот ја принудила да ја лаже полицијата (ВИДЕО)

Мајка од Мериленд е уапсена откако по расправија ја застрелала сопствената ќерка.

Американските медиуми објавија и видео кое е создадено откако девојката (13) била застрелана во вратот.

На него се гледа како малото девојче влече корпа за отпадоци кон влезот на куќата, пред мајката да отвори оган.

Полицијата го пронашла девојчето како крвари пред влезната врата, пишува Фокс.

Кога полицијата прашала што се случило, девојчето се обидело да ја заштити мајка си, велејќи им дека била застрелана од бездомник.

Пукањето се случило во семејната куќа во понеделникот.

Нејзината мајка Талечка Браун (32) е уапсена за обид за убиство од прв степен, што предвидува максимална казна доживотен затвор.

И покрај тоа што девојчето изјавило дека била застрелана од бездомник по упадот, полицајците ја отфрлиле приказната, по што девојчето рекло дека нејзината мајка ја принудила да ја лаже полицијата.

Девојчето изјавило дека се расправала со мајка ѝ кога ситуацијата излегла од контрола.

Девојчето сега се опоравува од повредите на интензивна нега, но најверојатно ќе ѝ треба уште операција бидејќи нејзината состојба се стабилизира и подобрува. Лекарите се среќни што таа сè уште може да оди со оглед на тоа каде ја погодил куршумот.

ЦЕРН отпушта речиси 400 руски научници

Речиси 400 руски научници ќе мора да ја напуштат Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) по завршувањето на соработката со Русија на крајот на ноември, соопшти денеска истражувачката лабораторија за физика на честички во Женева.

Во јуни 2022 година, ЦЕРН одлучи да ги раскине договорите за соработка со Русија и Белорусија поради војната во Украина, објави Le Matin.

Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27 јуни, а со Русија ќе истече на 30 ноември и нема да биде продолжен, најави Арнауд Марсолие, портпарол на ЦЕРН. Така ЦЕРН ќе остане без 400 руски научници кои работеле за таа европска истражувачка лабораторија. Марсолие, сепак, додава дека соработката со руските научници кои работат за неруски институции ќе продолжи.

Околу 90 руски научници се приклучиле на други истражувачки институти. Одлуката за протерување на стотици руски научници нема да важи за вработените во Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања (JINR), меѓувладин центар во Дубна, Русија, на околу 110 километри северно од Москва.

ЈИНР се смета за „меѓународна организација“, објасни портпаролот на ЦЕРН.

Иако некои истражувачи веруваат дека соработката со ЈИНР го одржува научниот дух и обезбедува континуитет на истражувањето, украинските физичари и критичари ја нагласуваат поврзаноста на ЈИНР со руската влада, која финансира повеќе од 80 отсто од активностите на институтот. Тие посочуваат дека лабораторијата има блиски врски со руската армија, што го отвора прашањето за можна злоупотреба на научни информации за воени цели.

Заминувањето на руските научници сериозно ќе се одрази на проектите на ЦЕРН, вклучително и експериментите на Големиот хадронски судирач (LHC), бидејќи Русија учествувала со 4,5 отсто од пресметките за тие експерименти, т.е. придонесувал со 2,3 милиони швајцарски франци годишно.

LHC е најмоќниот акцелератор на честички во светот. LHC лежи во кружен тунел, 27 километри во обем, 175 метри под земја, под француско-швајцарската граница, недалеку од Женева, Швајцарија.

Иако многу научници успеаја да најдат нови позиции надвор од Русија, ќе се почувствува загубата на руската експертиза, како што признаа некои членови на заедницата, вклучително и оние кои се залагаат за продолжување на меѓународната научна соработка. Москва претходно вети дека ќе инвестира 40 милиони франци во модернизацијата на забрзувачот на честички.

Илјадници на Нов Зеланд се обидоа да го соборат Гинисовиот рекорд во играње „хака“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе денеска се собраа на спортскиот стадион во најголемиот град во Нов Зеланд за да го соборат рекордот за најголем број луѓе кои изведуваат хака, традиционален танц на маорските воини, во исто време, и се чини дека успеале.

Масовниот собир во Иден парк во Окленд е обид да се собори рекордот од Франција од 2014 година, кога танцуваа 4.028 луѓе, се наведува на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди.

„До сите вас овде вечерва, иако официјалната бројка сè уште се утврдува бидејќи е голема, можам со сигурност да кажам дека го соборивте рекордот и официјално сте неверојатни“, рече проценителот на книгата, Брајан Собел. Организаторите се надеваа дека ќе дојдат најмалку 10 илјади луѓе, објави претходно New Zealand Herald.

@mudz_riki Thousands gather at Eden Park for the official Guinness world record for the biggest haka #maori #haka #record ♬ original sound - Mare Riki

Хака, традиционален воинствен танц на домородните Маори на Нов Зеланд, се изведува на погреби, свадби и други големи настани. Исто така, се поврзува со новозеландскиот рагби од 1888 година, според Гардијан.

@lemondefr

En Nouvelle-Zélande, 6 531 participants se sont réunis à l’Eden Park d’Auckland pour battre le record du plus grand haka, jusqu'ici détenu par la France. Une performance entrée dans le livre Guinness des records

♬ son original - Le Monde
притисни ентер