Франкел: МКС сака да се смета за респектабилна организација,но нивниот налог има политичка цел

Налогот за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд има политичка цел, вели израелската амбасадорка Симона Франкел во интервју за Канал 5. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Син на хрватски пејач е брутално убиен во Еквадор- го изрешетале среде улица

Вчера во Еквадор во центарот на градот Манта е убиен хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48), син на хрватскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ.

Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом. Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати. Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму.

На местото на злосторството пристигнале агенти на Националната агенција за истраги на криминал за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не се знае мотивот за вооружениот напад и се уште нема уапсени за убиството.

Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување. Според Дневник, Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.

Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство организиран од криминални групи. Особено опасно беше во градот Манта, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили. Во округот каде што бил убиен, годинава се забележани 292 убиства.

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје.

Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.

На потег е градоначалникот Арсовска, објави на X претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

Huawei го претстави новиот автомобил- изгледа како комбинација на Мајбах, БМВ и Ролс Ројс(ФОТО)

Huawei се етаблира како производител на мобилни телефони и слична опрема, а неодамна се појави и во автомобилската индустрија.

Конечниот резултат е Maextro S800, првиот модел од заедничкиот бизнис меѓу технолошкиот гигант Huawei и кинескиот производител на автомобили JAC, но и четвртото возило во проектот HIMA на Huawei.

Се приклучува на линијата која ги вклучува моделите Stelato, Luxeed и AITO, кои се создадени во соработка со различни кинески производители на автомобили, пишува Revija HAK.

Луксузната лимузина Maextro ги доби стилските знаци од своите европски конкуренти. Двобојното тело и тркалата се позајмени од Maybach, ултра тенките фарови се блиску до серијата 7 на BMW, додека наведнатата линија на покривот потсетува на елегантниот Rolls-Royce Wraith со две врати.

Поставен на архитектурата Tuling Intelligent Chassis на Huawei, Maextro S800 е долг 548 cm, додека меѓуоскиното растојание е дури 337 cm. На пример, Rolls-Royce Ghost е 6,5 cm подолг од Maextra.

Засега не се знае многу за дизајнот на ентериерот, но единствената фотографија покажува ѕвездено небо на таванот на возилото, односно осветлување кое треба да ги симулира пространствата на просторот.

Моделот е опремен со системи Super Cruise, Super Maneuverrability, Super Awareness, Super Privacy, Super Communication и Super Protection. Сето тоа звучи одлично, но треба да видиме што прават сите овие системи.

Деталите за електричниот погон остануваат во тајност. Maextro ќе се појави на пазарот следната пролет, со почетна цена од еден милион јуани, што во превод значи приближно 135.000 евра.

Тие бројки го прават еден од најскапите автомобили произведени во Кина, но сепак е поевтин од европската конкуренција како Rolls-Royce или Maybach базиран на Mercedes EQS.

притисни ентер