Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан

Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош.

Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

-Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на безбедноста таму, особено во јужен Либан, рече Макрон по состанокот на претставниците на франкофонијата – земји во кои се говори францускиот јазик- што се одржа во Париз.

Во последните две недели Израел започна со интензивни бомбардирања на Либан и во оваа земја испрати војници, по речиси една година конфликт со милитантната група Хезболах.

Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната војна на Израел во Газа против палестинската група Хамас./МИА

Повреденото момче е во стабилна состојба, МВР го истражува случајот

19 годишник од скопската населба Чаир е повреден откако во него било пукано од возило. 

Пукањето се случило синоќа на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”. Додека монмчето пеш се движело, од возило пасат излегло лице и пукало кон него неколку пати по што заминал од местото. Со четири прострелни рани бил пренесен во градската општа болница „Наум Охридски“ од каде велат дека велат дека е во стабилна здравствена состојба. Пред полицијата го идентификувал лицето кое пукало кон него, од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

-На 05.10.2024 околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Кои се причините за пукањето истражува и обвинителството. Според неофицијални информации станува збор за нерасчистени должнички односи.

Случајот предизвика и партиски реакции и меѓусебни обвинувања. Од СДСМ тврдат дека безбедноста на улиците е алармантно влошена, бараат оставка од министерот за внатрешни Панче Тошковски бидејќи како што велат, едвај еден од инцидентите и убиствата бил расчистен.

-Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче. Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена. Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос. Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат. – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ

Одговори и министерот Тошковски според кој ова е било очаен обид на социјалдемократите да го свртат вниманието од седумгодишниот хаос.

-Тврдењето дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај е целосно лажно и манипулативно, со цел да се дезинформираат граѓаните. Според официјалните бројки на МВР, во 2023 година имало 23 убиства од кои 2 нерасветлени, додека во 2024 година до месец октомври има 16 убиства, од кои исто така само 2 се нерасветлени. Овие податоци покажуваат дека ситуацијата не само што не е влошена, туку е и подобрена од аспект на намалување на бројот на убиства, вели Тошковски.

33-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ „Иднина за сите, сега!

Во спортскиот центар Билјанини извори во Охрид УМС на ВМРО-ДПМНЕ  ја одржува 33 годишна конференција, насловена „иднина за сите, сега! “

Таравари: Ако истрагата ги потврди моите сознанија, ќе барам лична одговорност

Лична одговорност за смртта на 14 месечено бебе на клиниката за детски болести мора да има, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот посочи дека ги испитал случајот со починатото бебе чиви родители тврдеа дека бебето било вратено дома за домашно лекување, а не во болница. Таравари посочи дека имал информации дека детето било вратено од болницата, но остава на истрагата.

Од институтот за судска медицина потврдија дека обдукцијата е направена.

-По барање на Клиниката за педијатрија вчера е направена обдукцијата на 14 месечното дете. Земени се материјали за дополнителни испитувања. Би требало да завршат сите испитувања оваа недела.

14 месечното бебе починало во неделата во раните утринските часови на Клиниката за детски болести. Детето било итно пренесено од детската болница Козле поради ниска сатурација и тахикардија. Родителите вчера изјавија дека неколку пати побарале помош од Клиниката за детски болести но биле вратени дома. Кога детето со влошена состојба било однесено во болницата во Козле од болницата се јавиле на детската клиника и итно било пратено во клиниката за детски болести.

притисни ентер