Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје

Српскиот премеир ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Македонија

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Република Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премеир ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ.

По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија.

Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски.

Како што соопштија од Владата на Р. Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, порасна бројот на жртвите од поплавите во БиХ

Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20.

Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела на жена и маж.

Спасувачките тимови и денеска продолжуваат со откопување и потрага по тела, а во оваа мисија помагаат и бројни колеги, волонтери и граѓани.

Спасувачките тимови од соседните држави на Би и членки на Европската Унија денеска здружија сили за да ги исчистат урнатините и да ги пронајдат исчезнатите во поплавите и свлечиштата кои ги опустошија делови од западно-балканската земја.

Според официјални лица, најмалку 10 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои многумина се од селото Долна Јабланица, кое е речиси целосно затрупано.

Мештаните велат дека слушнале силна бучава и виделе како куќите исчезнуваат во свлечиштето пред нивните очи.

Луиџи Сорека, кој ја води мисијата на ЕУ во Босна, изјави дека ЕУ е солидарна со БиХ и дека тимови се на пат да помогнат.

Властите соопштија дека хрватските спасувачи веќе пристигнале, а се очекува да бидат распоредени тимови од Србија, како и од Словенија со специјално обучени кучиња.

Македонија, Црна Гора, Полска, Чешка и Турција исто така понудија помош, се наведува во соопштението на владата.

Инаку, денеска се одржуваат локални избори во БиХ, но властите одлучија да го одложат гласањето во регионите погодени од поплавите./МИА

Монако има најдобар резултат во последните 65 години

Тимот на Монако синоќа го победи Рен на гостински терен со 2:1 во натпреварот од 7. коло на Францускиот фудбалски шампионат.

По оваа победа, фудбалерите од Монте Карло стигнаа до 19 бода по 7 кола од Лига 1 со биланс - шест победи и еден нерешен резултат. Ова остварување е второ во историјата на клубот.

Најдобриот резултат на Монако по првите седум кола од шампионатот беше максимални 21 бод во сезоната 1960/61. Тогаш тимот стана шампион на Франција.

По мечот со Рен, Монако се искачи на првото место во поредокот во Лига 1, пред ПСЖ кој има 16 бодови и еден натпревар помалку. /МИА

Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети

Палестинските здравствени власти соопштија дека уште најмалку 20 лица загинале синоќа во северниот дел на Газа, откако израелската армија за првпат испрати тенкови во област.

Во утринскиот израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа, во кој беа погодени џамија и училиште, во кои имало засолнети раселените цивили, загинаа 24 лица, а 93 се ранети, соопшти канцеларијата за медиуми на администрацијата на Хамас во Појасот Газа.

Палестинските здравствени власти соопштија дека уште најмалку 20 лица загинале синоќа во северниот дел на Газа, откако израелската армија за првпат испрати тенкови во областа, повикувајќи ги жителите да се засолнат во таканаречените безбедни зони на југот од енклавата, пренесуваат британските медиуми.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека извршила „прецизни напади против терористите на Хамас“ кои дејствувале во командните и контролните центри лоцирани во училиштето Ибн Рушд и џамијата Шухада ал Акса во областа Деир ал Балах, во централна Газа.

Се наведува дека целта бил команден и контролен центар на Хамас, но палестинската милитантна група ги отфрла израелските обвинувања дека користи цивилни објекти како училишта, болници и џамии за воени цели./MИА

притисни ентер