Фотосесија на екс сопругата на Рафаел Ван дер Варт, Силвија

Поранешната сопруга на холандскиот фудбалер Рафаел Ван дер Варт, Силвија Мајс блесна на нова фотосесија на секси долна облека.

36 годишната Силвија изгледа прекрасно на фотосијата за магазинот „Hunkeomoller“. Според медиумите убавата Силвија процветала токму по разделбата од фудбалерот на хамбургер Рафаел Ван дер Варт , кој инаку ја изневери својата сега веќе екс споруга со нејзината најдобра пријателка.


Инаку многумина откако ги видоа фотографиите на атрактивната Силвија од новата фотосесија се запрашаа како може ваква убавица да му „досади “ на еден фудбалер.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на Македонија 2025

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори и членовите на одборот Невенка Димитрова, Џон И. Битов, Мајк Зафировски и Митре Кутановски, на меѓународната невладина организација, по повод одржувањето на 13. издание на Самитот Македонија 2025.

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Можноста за поголема координација и подлабока соработка меѓу дијаспората и матичната држава за остварување на националните интереси, дома и во светот, беа меѓу главните теми на разговорот.

Соговорниците ја информираа претседателката Сиљановска Давкова за целите на дводневниот самит, во чијшто фокус се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигиталната трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии. Учесниците имаат можност да разменат искуства и за потенцијалите на вештачката интелигенција, дигиталните здравствени иновации, како и за демократските аспекти и слободата на говорот во ера на дигитализација.

Во таа насока беа нагласени очекувањата од придобивките на годинашниот самит што ќе обедини над 450 учесници и околу 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави, овозможувајќи вмрежување и соработка со потенцијални инвеститори.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија 2025, чиишто иницијативи, проекти и активности поттикнуваат позитивни процеси во согласност со приоритетите за одржлив раст и развој во земјава, регионот и пошироката глобална заедница. Во тој контекст ја нагласи нејзината заложба за идна плодна соработка со организацијата.

Османи: Ќе ги обжалиме одлуките на ДИК пред Управниот суд

Од Европскиот фронт најавија дека веќе поднеле тужби до Управниот суд за одлуките на ДИК со кои беа прифатени седум приговори за изборни нерегуларности во петата и шестата изборна единица. 

Во ова ДУИ гледаат обид да им се одземат еден или два пратеници.

Уставен суд нема да поведе постапка за Законот за изменување на законите за плати на судиите

Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за Законот за изменување на законите за плати на судиите и за Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

Како што информираше на денешната прес-конференција, портпаролката на Судот, Христина Беловска, За Уставниот суд се неприфатливи и неосновани наводите на Судскиот совет и на Здружението на судии кои што се јавуваат како подносители во овие два предмета и кои што тврдат дека се загрозува независноста и самостојноста на судството со овие оспорени одредби.

- Според Судот, не се неуставни измените донесени на 20 февруари оваа година со кои што беа намалени коефициентите за пресметување на платите за 13 проценти, или, конкретно, пораст на просечната плата и од анализата која што ја направи, произлегува дека на судиите и членовите на Судскиот совет нема да им бидат намалени платите како што се тврди, туку ќе им бидат зголемени, но за минимален износ, рече Беловска.

Судот оценил дека тие и натаму земаат плата која што одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба не е влошена.

- Нивната материјална сигурност не е загрозена како што се тврди во наводите, бидејќи тие влегуваат во групата на јавни функционери кои примаат највисоки плати во државата, дополни таа.

Според нив, намалувањето на коефициентите е извршено врз основа на закон што, како што дополни, значи дека се неосновани наводите дека се прави упад во судската власт, бидејќи Собранието е она кое што е надлежно да ги носи законите.

притисни ентер