Фото: Заљубениот Ричард Гир не се разделува од сопругата на црвениот тепих

Холивудскиот актер Ричард Гир пристигна со сопругата Алехандра Силва на филмскиот фестивал во Цирих, каде се одржа премиерата на филмот „Wisdom for Happiness“.

75-годишниот Гир не можел да го сокрие ентузијазмот за неговата сопруга, која е 34 години помлада, со која има два сина.

Фотографите ги снимиле нивните допири и прегратки на црвениот тепих.

Актерот и 41-годишната Алехандра се венчаа во 2018 година. Сопружниците имаат два сина, 5-годишниот Александар и една година помладиот Џејмс, додека Алехандра од претходниот брак го има 9-годишниот Алберт, а Гир го има 24-годишниот Хомер.

За потсетување, Гир минатиот месец го прослави својот 75-ти роденден. Во оваа прилика емотивна објава на Инстаграм се огласи и неговата Алехандра. „Мојот живот е подобар со тебе“, рече сопругата на Ричард, Алехандра.

"Среќен роденден, љубов на мојот живот! По 11 неверојатни години заедно, сè уште се чувствувам како првиот ден кога се запознавме. Патувањето што го споделивме, убавото семејство што го изградивме и спомените што ги направивме се повеќе од тоа што можев некогаш да сонувам.

Со тебе животот ми е подобар во секој поглед и многу сум благодарна што те имам. За уште многу години заедничка љубов, смеа и среќа. Со многу љубов Але“, напишала неговата сопруга и објавила заедничка фотографија.

Шестмина повредени во напад со нож во Израел

Најмалку шест лица се повредени денеска во напад со нож во израелскиот град Хадера. Двајца од повредените се во тешка состојба, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелските власти.

„Терористот е неутрализиран“, се наведува во соопштението на полицијата.

Други детали не се соопштуваат.

Здравствените власти јавија за шестмина повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Како што наведуваат агенциите, израелските власти се внимателни на безбедносните ризици по нападот на палестинското движење Хамас пред една година што ја предизвика војната во Газа, а конфликтот со Хезболах во Либан продолжува да ескалира. /МИА

АД ЕСМ: СДСМ е главен виновник за катастрофалните состојби во енергетиката

СДСМ најмалку што е потребно во моментов  е да ја коментира енергетската состојба во земјава. 

Дереџето во кое се наоѓа севкупниот енергетски систем денеска, вклучувајќи ги актуелните состојби во РЕК Битола е резултат токму на работењето на нивните менаџерски кадри поставени од претходните влади на СДСМ. Тие немале умешност, ниту одговорност за одржување на производните капацитети. Наспроти тоа, покажале целосна негрижа за електроенергетскиот систем, за што зборува и неодговорното однесување кон државните производни капацитети и природните ресурси како јагленот и количините на вода во хидроакумулациите.

Кога СДСМ зборува дека РЕК Битола не работел да го потсетиме дека токму до пред неколку недели нивни кадри управуваа со најголемиот енергетски комбинат. Тие имале обврска да се однесуваат професионално до последниот ден кога биле на одговорни позиции и да ги подготват капацитетите за претстојната грејна сезона.

Долга е листата што сè затекнаа новите раководства на АД ЕСМ и РЕК Битола.

-Уништени и нестручно експлоатирани рудници, оставени без откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите за стабилно производство на РЕК Битола.

-Нелогично долги застои на клучните машини за ископ на јаловина и јаглен

-Лошо изведени, незапочнати или ненавремено завршени ремонти на термоблоковите

-За само две години од 2022 до првата половина на 2024 година „успеале“ двојно да ја зголемат производната цена на електричната енергија од РЕК Битола, сега на неверојатни 133 евра за мегават-час.

-Неодговорно управување со опремата на АД ЕСМ

-Несоодветни вработувања и прераспределување на стручни лица на неадекватни позиции

-Потрошени милиони евра за набавка на јаглен со лош квалитет, несоодветен за употреба во термоелектраните и со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоцентралите, поради кој е направена огромна штета врз еден од термоблоковите и како загадување на животната средина

-Прескапи договори за набавка на јаглен

-За седум години на власт НЕ е изграден ниту еден државен капацитет за производство на електрична енергија

-АД ЕСМ оставена со огромна финансиска дупка.

Токму купувањето на електрична енергија на слободниот пазар е последица исклучиво на нивното нестручно и дилетантско однесување за лошата состојба во рудниците, термоблоковите и празните хидроакумулации во АД ЕСМ.

Затоа очекуваме да следи одговорност за нивните постапки.

АД Електрани на Македонија

Наративот за влезот на Македонија во ЕУ, во фокус на дебатата на Институтот за медиуми

Медиумите на албански јазик имаат попроактивен пристап кон процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, за разлика од македонските медиуми, беше истакнато на денешната  панел дискусијата на Институтот за медиуми и аналитика.

Ова според професорот Сефер Тахири е презентирано јавниот и политичкиот дискурс, кој е подистанциран, понеутрален и „постуден“ во однос на влијанието на процесот на интеграција во ЕУ и преговорите, кои беа придружени со решавање на билатералните прашања со Грција и Бугарија поврзани со името на државата и идентитетскиот корпус на македонскиот народ.

Во фокусот на денешната панел дискусија беше известувањето на медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите. Новинарката Слободанка Јовановска објаснува дека анализата на медиумското покривање на евроинтеграцијата во текот на изминатата година, од септември 2023 година до септември годинава, генерално покажува дека темата доживеа неколку фази, но со генерален тренд да се актуелизира само ако има настани или изјави на високи политичари поврзани со неа и ако може да се искористи во домашен политички контекст.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика смета дека за време на изборната кампања биле засилени етно националистичките наративи, за сметка на поважните прашања за земјата кои биле оставени настрана, а се отворија прашањата за балансерот и законот за јазици. Од друга страна, беше посочено дека наративот за можна дестабилизација која требало да се случи во септември, бил само замајување на завноста и одолговлекување од вистинските проблеми, како што е уназадувањето на Македонија од ЕУ.

притисни ентер