Фото: Контроверзната Бјанка Ценсори е како „џепна Венера“

Контроверзната сопруга на раперот и продуцент Канје Вест, Бјанка Ценсори, позната по ексцентричниот стајлинг, повеќе гола од облечена сега тема во јавноста поради својата височина. 

Во јавноста Бјанка секогаш се споменува и забележува поради шокатните изданија, редовно на улица е скоро гола, со истакнати гради и задник, но најверојатно поради тоа никој не знае колку всушност Бјанка е малечка!

Иако на фотографиите на прв поглед изгледа повисоко, нејзината висина е само 1,62 см, што паѓа во втор план кога се појавува гола во јавност.

Иако не се вклопува во традиционалните стандарди за висина, Бјанка е вистински пример за тоа како висината не е пресудна кога станува збор за самодовербата и присуството.

Малите простори ве фрустрираат? Инспирирајте се од ова мало станче од 31 квадрат

Уредувањето е мал стан е предизвик во кој сопствениците на просторот често мора да ги усогласат своите желби со малкуте квадрати и да ја истакнат својата креативна страна.

Иако „мисијата“ на моменти се чини невозможна, малите станови може да се уредат многу интересно. Но, за секој сантиметар да има своја цел и да блесне во полн сјај, потребно е трпение, снаодливост, креативност и барем понекогаш подготвеност за компромис.

Ако наскоро ве чека уредување на мал стан, не е лошо да се инспирирате од оние кои веќе успешно ја завршиле таа работа.

Една корисничка на Инстаграм која живее во станче од 31 m2 со сопругот и детето, редовно споделува фотографии од секој агол на своите потполно искористени квадрати, како доказ дека со желба и доза креативност, секој агол на еден простор може да воодушевува со својот изглед.

Од фотографиите се гледа дека малиот простор не му се потребни само ѕидови, функционалност и основни парчиња мебел, туку во него може да има простор и за цела низа украси, детали, растенија.

И еве уште неколку совети за уредување на малиот простор:

Кај малите станови, главна цел е да заштедата на просторот, исто така важно е просторот да биде прозрачен, во светли тонови и со многу простор за складирање.

Користете огледала за да направите просторот да изгледа поголем - стратешки поставените огледала можат да направат просторот да изгледа поголем. Тие создаваат илузија на длабочина, ја рефлектираат светлината и го прават просторот посветол и поотворен.

Направете ја собата да изгледа повисока со помош на завеси - завесите помагаат просторот да изгледа повисок одошто е. Кога ги закачувате завесите, монтирајте ги шипките што е можно поблиску до таванот, бидејќи тоа прави прозорците да изгледаат поголеми.

Внимателно изберете го вашиот мебел - обрнете особено внимание на големината на мебелот и не купувајте парчиња што се преголеми за просторот што го имате. Најдобро е мебелот да биде по мерка за максимално искористување на просторот. Добро е пред да тргнете да купувате мебел, да ја измерите просторијата.

Паметно избирајте ги боите. Добро е познато дека белата боја визуелно го зголемува просторот, но добро е да ја комбинирате со други бои за станот да не изгледа стерилно. На пример, користете бои за да ги разликувате подрачјата - малите станови често имаат отворен концепт, што може да го отежне идентификувањето каде завршува еден простор, а каде започнува друг. Различните бои на ѕидови може да ви помогнат во тоа.

Изберете повеќенаменски мебел - иако не мора сè да засновате на функционалноста, кога секој сантиметар е важен, не е лошо да купите повеќенаменски парчиња мебел. На пример, маса со скриен простор за складирање сигурно ќе се најде.

Исто така, користете вградени полици и вградени плакари кои ќе бидат добро позиционирани за да не го затворите просторот.

Ваквите проекти бараат вештина во организацијата на просторот и се вистински предизвик за луѓето кои се занимаваат со тоа, па најдобро би било, кога уредувате мал простор, да се обратите кај дизајнер за ентериер.

Исправете се веднаш!- Неочекувани симптоми предизвикани од лошото држење на телото

Лошото држење на телото не е само естетски проблем; тоа има долгорочни последици врз бројни аспекти на нашето здравје за кои не сме ни свесни.

Важно е да бидете свесни за важноста на правилното држење на телото како дел од секојдневната здравствена заштита и веднаш да се исправите бидејќи долгорочното лошо држење е тесно поврзано со бројни други заболувања кои ги чувствуваме без да бидеме свесни за нив.

Постојаното подгрбавеност носи бројни последици, а еве кои пет непријатни симптоми и болки најверојатно се поврзани со тоа што постојано одиме како да носиме десет килограми тежина врз грбот, а исто така седиме.

Дигестивни проблеми

Многумина не се свесни дека лошото држење може значително да влијае на дигестивниот систем. Кога телото е подгрбавено, се намалува просторот во абдоминалната празнина, а тоа може да предизвика притисок врз органите за варење. Ова го успорува варењето, што може да доведе до непријатност, надуеност, па дури и хронични проблеми како синдром на нервозно дебело црево (IBS). Исто така, подгрбавеноста може да предизвика рефлукс на киселина особено после јадење.

Влијание врз дишењето и капацитетот на белите дробови

Нашето држење директно влијае на респираторниот систем, иако ова можеби не е очигледно на прв поглед. Свитканото држење ги компримира градите, го намалува просторот на белите дробови и го спречува целосниот капацитет за дишење. Како резултат на тоа, телото добива помалку кислород, што може да предизвика чувство на замор, намалена концентрација и пад на енергијата во текот на денот.

Покрај тоа, помалку кислород во телото негативно влијае врз работата на мозокот и другите органи бидејќи кислородот игра клучна улога во нивното правилно функционирање.

Хронични главоболки и напнатост во вратот

Кога главата е навалена напред или рамената се свиткани надолу, мускулите на вратот и горниот дел од грбот работат понапорно отколку што би требало за да ја поддржат тежината на главата. Поради постојаната напнатост на овие мускули, често се јавуваат главоболки и мигрени, кои можат да станат хронични. Затегнатите мускули, исто така, ја намалуваат циркулацијата на крвта во пределот на вратот, што дополнително може да ја влоши главоболката и да предизвика замор.

Влијание врз расположението и менталното здравје

Изненадувачки е колку држењето може да влијае на нашата емоционална состојба и менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека подгрбавеноста може да ги зголеми чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Кога стоиме или седиме исправено, телото природно испраќа сигнали до мозокот поврзани со подобро расположение и самодоверба.

Подгрбавеното држење на телото, од друга страна, може да предизвика чувство на несигурност и тага, што може дополнително да биде појачано во стресни ситуации.

Влијание врз зглобовите и мускулите на целото тело

Кога сме стуткани, телото не е во својата природна рамнотежа, што доведува до нерамномерно оптоварување на мускулите, лигаментите и зглобовите. Со текот на времето, ова може да предизвика болки во долниот дел на грбот, колената, колковите, па дури и зглобовите, бидејќи секој дел од телото се обидува да ги компензира неправилностите.

притисни ентер