Фото: Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во океанот

Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи.

Авионот, познат како ловец на подморници, доживеа слична сцена како од филмот „Чудото на Хадсон“ во 2009 година кога комерцијален патнички авион принудно слета во реката Њујорк.

Авион на американската морнарица П-8А ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи, но сите девет патници за среќа по инцидентот се неповредени, соопштија властите.

Спасувачките операции беа брзо прекинати откако властите потврдија безбедно спасување на сите патници.

Наредникот Орландо Перез, портпарол на американскиот марински корпус, рече дека инцидентот се случил кога авионот П-8А ја прелетал пистата во базата на Маринскиот корпус Канеохе заливот.

Инцидентот се случил нешто по 14 часот, за време на облачно и дождливо време со видливост од околу 1,5 километар, истакна Томас Вон, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.

Авионот П-8А, често користен за војување против подморница, е произведен од Боинг и дели многу делови со комерцијалниот авион 737 и припаѓа на групата Скини џинови на патролната ескадрон 4 стационирана на островот Видбеј, Вашингтон.

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

Турција очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО до крајот на годинава

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека неговиот турски колега Хакан Фидан му рекол дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО може да се случи „во рок од неколку недели“.

-Го чекаме спроведувањето на ратификацијата. Вчера имав билатерална средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на која тој изјави дека очекува ратификацијата да се случи во наредните недели, рече Билстром.

Изјавата на шведскиот министер ги потврдува зборовите на висок функционер на Стејт департментот, според кои турскиот министер за надворешни работи вчера на своите колеги од НАТО им рекол дека напорно работи на ратификацијата на приемот на Шведска во алијансата и посочил како веројатен период до крајот на годината.

притисни ентер