Астероидот „убиец на градови„ се приближува кон Земјата- ќе биде најблиску во 17.47 часот

Астероиди, од кои едниот поради својата големина е окарактеризиран како „убиец на градот“, ќе се приближат до Земјата денес, 24 октомври 2024 година.

Иако американската агенција НАСА ги смета за потенцијално опасни, се верува дека тие не претставуваат никаква закана за животот на нашата планета, пишува LiveScience.

Најголемиот од тие астероиди - 2002 NV16 - е со дијаметар од 177 метри и големина на зграда, според Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JLP). Најблиското растојание од 4.520.000 километри ќе го достигне точно во 17:47 часот по средноевропско време. Овој астероид е наречен „убиец на градовите“ затоа што, во случај да удри во Земјата, може да уништи голем град. Сепак, иако покрај нас поминуваат голем број вакви астероиди, тие ретко се приближуваат доволно до планетата за да претставуваат каква било опасност. Како што наведува LiveScience, ваквите астероиди ја погодуваат Земјата во просек еднаш на секои 20.000 години.

Само неколку минути по „убиецот на градовите“, во 17:51 часот, покрај Земјата, на оддалеченост од 5.530.000 километри, ќе биде астероидот 2024 TR6. Има пречник од 46 метри и повторно ќе ни пријде на 5 август 2039 година и на 25 октомври 2040 година.

Овие астероиди се сметаат за потенцијално опасни бидејќи ќе бидат поблиску до Земјата од 48 милиони километри. Сепак, повеќето од нив ќе бидат на растојание поголемо од Месечината.

Денеска покрај Земјата поминаа уште два потенцијално опасни астероиди – 2015 HM1 и 2024 TP17. Првиот беше со пречник од 30 метри и леташе покрај нас утрово во 06:36 часот, а вториот со пречник од 52 метри прелета околу 10:20 часот.

Астероидите 2024 TR6 и 2024 TP17 беа откриени многу неодамна - првиот на 7 октомври, а вториот на 12 октомври. Ова не е невообичаено бидејќи астрономите набљудуваат околу 2.000 астероиди годишно, од кои повеќето се откриваат само кога ќе се приближат доволно блиску.

Турските аеродроми под зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара

Турските аеродроми се ставени во состојба на зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара, а патниците се повикуваат да пристигнуваат на аеродромите најмалку три часа пред летот, објави турската приватна телевизија НТВ.

По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми во земјата се ставени во „портокалов“ режим на готовност.

Безбедносните служби на аеродромите се информирани за одлуката, според која се зајакнати мерките за безбедност на аеродромите, поради потенцијални терористички напади.

Зголемени се мерките на влезовите и излезите од аеродромите „Сабиха Гокчен“ и „Истанбул“. Превозните средства што пристигнуваат и заминуваат се претресуваат, а се вршат и проверки на идентитетот на патниците, посочува телевизискиот канал.

Аеродромот „Сабиха Гокчен“ препорача на патниците да пристигнуваат најмалку три часа пред летот поради „можните доцнења кои може да произлезат од дополнителните мерки“.

Во нападот врз „ТУСАШ“, покрај петте жртви, ранети се 22 лица. Турските медиуми известуваат дека двајца напаѓачи, маж и жена, го извршиле нападот. Тие се качиле во такси, го убиле возачот и го ставиле телото во багажникот, а со возилото се доближиле до главниот влез на компанијата. Жената се разнела, додека другиот напаѓач продолжил со вооружен напад, стрелајќи по обезбедувањето и луѓето околу.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека идентификуван е идентитетот на напаѓачите, кои биле членови на Курдаската работничка партија (ПКК).

Полицијата го пребарува хотелот по смртта на Лиам Пејн, бараат нови докази

Музичарот Лиам Пејн почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотелот CasaSur во Буенос Аирес.

Според извештајот на Mirror, полицијата влегла во хотелот во потрага по дополнителни информации за персоналот на хотелот.

Изворите велат дека од хотелот се бара да им ги предаде новите безбедносни снимки на истражителите и да обезбеди информации за вработените. Во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на неговата смрт, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата. Инспекторите веќе разговарале со двајца вработени, сомневајќи се дека тие му доставувале дрога на Лијам.

Чистачот и уште еден вработен наводно ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.

Како што пренесува US Weekly, полицијата го пребарала хотелот за дополнителни документи, вклучувајќи книги за регистрација на хотелот и собирање информации од компјутерите на хотелот. Во истрагата е вклучен и Пол Хигинс, телохранителот на Лиам, кој испрашувал неколку вработени за да открие кој го снабдувал музичарот со дрога.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

Уапсена е жена по мистеризоната смрт на три лица во дом за стари во Британија

Неименувана жена е уапсена откако три лица биле пронајдени мртви во дом за стари лица во Дорсет, Британија.

Полицијата соопшти дека ја уапсила жената (60) за да „утврди дали имало некакво дело или пропуст од небрежност“.

Смртта на тројцата жители моментално се води како неразјаснета, а во моментов се проверува да не се работи за труење со јаглерод моноксид.

Екипите на итната медицинска помош превезеле уште седум лица во болницата како мерка на претпазливост, а целиот дом за стари лица е евакуиран.

Според извештаите, во домот биле сместени 48 лица, сите стари, меѓу кои имало и дементни.

притисни ентер