Фон дер Лајен: ЕУ ќе и додели на Украина 160 милиони евра за снабдување со струја

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово пристигна во посета на Украина.

„Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент“, изјави таа.

„Грејната сезона започнува за две недели, а руските непрестајни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета“, додаде Фон дер Лејен. Таа рече дека ќе му обезбеди на украинскиот претседател Володимир Зеленски план на ЕК за зимска подготвеност за Украина. Со него се предвидува дополнителна поддршка во вредност од околу 160 милиони евра, што ќе помогне да се покрие повеќе од 25 отсто од потребите за електрична енергија на земјата.

Нејзината последна посета на главниот град на Украина беше во февруари.

Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка на Украина вредна околу 160 милиони евра, што ќе и помогне земјата да покрие над 25 отсто од своите потреби за електрична енергија, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која рано изутринава допатува во посета на Киев.

Како што јави известувачот кој во име на Европската новинска редакција (ЕНР), чиј член е и МИА, ја следи посетата на Фон дер Лајен на Киев, претседателката на ЕК нагласи дека руските немилосрдни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета на две недели пред почетокот на грејната сезона.

- Затоа оваа моја осма посета на Киев доаѓа во клучно време. Ќе и помогнеме на Украина во нејзините храбри напори да ги надмине овие проблеми, порача Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека најавената помош од 160 милиони евра е во рамки на новиот План за зимска подготвеност, што го подготви ЕК и кој ќе му го претстави на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивната денешна средба.

- Ќе разговараме и за нашата поддршка за храбрата одбрана на Украина и за да ја натераме Русија да плати за штетите од приходите генерирани од замрзнатите руски средства, изјави претседателката на ЕК, потсетувајќи дека од Данска почнало користењето на овие средства за нарачки на оружје и воена опрема директно од украинската одбранбена индустрија.

Фон дер Лајен информира и дека со Зеленски ќе разговара и околу позајмиците договорени на средбата на Г7 во Апулија, кои, според неа, ќе овозможат значително олеснување за украинскиот буџет.

Таа најави дека на разговорите во Киев ќе стане збор и за амбициите на Украина за пристапување кон ЕУ и за тоа како Комисијата може да ги поддржи овие напори. Украина во пристапниот процес е во фазата на скрининг, кој, според Фон дер Лајен се одвива без проблеми.

- Ќе разговараме и за глобалната поддршка за плановите на Украина за мир и закрепнување. Заседанието на Генералното собрание на ОН следната недела ќе биде повод да се пренесат важни пораки и да се обезбеди поддршка, особено од земјите од глобалниот југ, додаде Фон дер Лајен.

Ова е осма посета на Фон дер Лајен на Киев од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Претходната посета на претседателката на ЕК на Украина беше во февруари годинава.

Видео: Меланија Трамп за совите голи фотки: Гордо стојам зад нив

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот,.

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Нејзиното најново промотивно видео беше објавено неодамна на мрежите, а таа не штедеше труд да ги велича своите фотографии, споредувајќи ги со делата на најголемите уметници, како што е Микеланџело.

- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Поважното прашање е зошто медиумите решија внимателно да ја разгледаат мојата прослава на човечкото тело во модната фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? - вели Меланија. Целото видео е придружено со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

- Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување, вели таа.

Ова е четврто видео што Меланија Трамп го објави на своите профили на социјалните мрежи пред објавувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат однапред нејзината книга.

Украина за прв пат учествуваше во вежба на НАТО за борба со дронови

 Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.

Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.

-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и кибер-пресретнувачи.

Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

Амбасадата на Јапонија ќе набави мобилен рентген апарат за Клиниката за детски болести

Амбасадата на Јапонија потпиша е договор со Клиниката за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

Во министерството за здравство денеска во рамки на програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, се потпиша договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

На церемонијата на потпишување се обратија министерот за здравство, Арбен Таравари, амбасадорот на јапонија во Македонија, Оцука Казуја, и директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

притисни ентер